Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Браните Конско и Отиња – Остварен деценискиот сон на многу граѓани

0
By Marija Todorovska on April 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2024 11:28
Деценискиот сон на штипјани за изградба на брана која ќе го реши проблемот со водноснабдувањето во градот станува реалност. Интензивно се работи на камено земјената брана која со висина од 33 метри која ќе формира вештачко езеро. Акумулациската вода пред сè, ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во Штип и интервентно дополнување на водоводниот систем.

Проектот за кој сите власти констатираа потреба, но само на хартија, влегува во својата завршница. Браната на река Отиња, најавувана и планирана, конечно почна да се гради во јули 2021 како особена заслуга на локална самоуправа.  Добро завршена работа со техничката документација изработка на основен проект, ревизија, студија за животна средина, Урбанистички план, согласности од државните институции, обезбедија одобрение за градба и повеќе од 300 милони денари пари од државниот Буџет.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој како Градоначалник даде приоритет на овој габаритен проект,  вели дека градбата се очекува да биде завршена за една година. При увид на градежните работи, на минирањето на локалитетот Попова чешма, тој истакна дека Владата во изминатите 4 години ставила силен фокус на реализацијата на инфраструктурните проекти, а токму тоа го покажала и реализацијата на капиталните инвестиции од рекордни 710 милиони евра во 2023 година.

„Изградбата на браната во Штип беше предизборно ветување во многу кампањи и на многу политичари изминатите 4 децении и особено ми е драго што токму денеска овој проект го реализираме и се работи со силна динамика на терен. Со денешното минирање обезбедуваме околу 5.000 метри кубни материјал за доизградба на браната. Се работи активно на уште неколку позиции и веќе видов добар фронт за работа на преливниот загат, испустниот дел веќе под објектот е завршен и инекционата завеса веќе е завршена. Тоа значи дека согласно динамиката, согласно градежните норми и принципи на градба на вакви комплексни објекти, сите објекти се реализираат еден по еден. Оваа година за доизградба на браната во буџетот на Министерството за транспорт и врски имаме предвидено околу 130 милиони денари, со што очекувам веќе наредната пролет да биде завршен овој објект и да биде ставен во функција за потребите на градот и на граѓаните, а сите знаеме какви бенефити ќе има овој проект за Штип и за целиот регион“, изјави министерот Бочварски.

Езерото е децениски сон на штипјани

Браната на река Отиња на Штип ќе му донесе промена на климата, ќе го зашти  градот од поплави, но и место за рекреација и нова туристичка атракција.  Ќе се намалат високите летни температури, но и ќе влијае на зголемување на зимските температури. Дополнително се создава биолошки минимум во коритото на река Отиња, а ќе се користи и за наводнување на зелените површини.  Ова ќе биде место за рекреација на штипјани, но и на сите граѓани во државата. Ќе биде можност за иден развој на градот во наредните години и децении. Со изградбата на браната ќе се создадат услови за изградба на викенд-зони, шеталишта и повеќе други рекреативни елементи.

Штип е еден од ретките градови што нема никаква акумулација во своја близина. Браната ќе носи еколошка и економска корист, па наместо со вода од водоводот, зелените површини во градот ќе се наводнуваат со водата од браната.

Заврши изградбата на Браната Конско, со која се подобри наводнувањето во гевгелиското поле

Граѓаните и земјоделците во три општини во југоисточниот дел на земјата, во Гевгелија, Богданци и Дојран, со изградбата на ХС Конско почната во 2018 година, добија капитален инфраструктурен проект за снабдување со вода и за полевање на 13.500 хектари земјоделско земјиште.

Браната „Конско“, чија изградба и официјално е завршена во март годинава, обезбедува модерно наводнување во текот на целата година и петкратно зголемување на обработливи. Инвестицијата е вредна над 40 милиони евра, обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Водата од акумулационото езеро ќе се користи и за производство на електрична енергија, ќе овозможи развој на рурален туризам и на спортски и рекреативен риболов, а ќе добие и дополнителна вредност со предвиденото поставување пловечки фотоволтаци.

Изградбата на овој хидросистем претставува крупен инфраструктурен зафат и ивнестиција со мултифункционална улога и втор по големина после изградбата на хидросистемот и ХЕЦ Козјак во скопскиот регион изграден во 2004 година.

„Ставаме крај на шестдеценискиот предизвик. Од денеска ќе има доволно вода за наводнување и развој на земјоделството во овој регион. Оваа брана, најголем проект во последните 50 години во државава, за малку помала од Мавровската, ќе го развие и туризмот, многу скоро ќе дојдат инвеститори кои ќе сакаат тука да изградат објекти. Горд сум што оваа голема инвестиција почна и заврши за време на Владата на СДСМ. Ако некој можеше во минатото, пред две декади, да упати критика до нас дека не сме ги довршувале работите, ова е најдобра потврда за спротивното. Оваа Влада ќе остане запамтена по тоа што успеа да изгради најголем инвестициски објект, а претходната власт ќе биде запамтена по инвестиција што ја планираше, но не ја заврши – парапетот околу Охридското Езеро, и тоа е разликата“, рече Димитар Ковачевски на церемонијата по повод завршувањето на изградбата браната на Хидросистемот Конско.

На настанот присуствуваа Претседателот Стево Пендаровски, пратеници, владини претставници, градоначалници, директори на претпријатија и економско-социјални партнери на МЗШВ како и поранешниот премиер Зоран Заев, во чиј мандат започна изградбата на браната.

„Со инвестициите во капитални инфраструктирни проекти, владите предводени од СДСМ, и тогаш и денеска, ја потврдуваат посветеноста кон зафати од исклучителен интерес за граѓаните како што се хидросистемите кои обезбездуваат чиста вода за пиење, мрежа за наводнување на земјоделски површини за равој на европско конкурентно земјоделство, зголемување на производите за храна и за регионален економски развој“, рече Заев на настанот со кој се одбележа завршувањето на изградбата на браната Конскио.

Преземено: Рацин.мк

брана отиња Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.