Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бранителите од 2001 на чекор до правдата, Владата ќе исправи неправда по 20 години

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Ковачевски ќе им излезе во пресрет на бранителите кои бараат да се укине присилната наплата од страна на извршителите на обештетувањето што им беше исплатено поради трауми претрпени за време на воениот конфликт во 2001 година.

Бранителите и по 20 години од војната освен со лузните од воениот конфликт, се борат и со извршители, откако Врховниот суд пред неколку години ја поништи првостепената судска одлука за исплата на нематеријална штета на припадниците на безбедносните сили .

На прашање на Нова дали и кога бранителите може да очекуваат позитивно решавање на иницијативата на здружението „Достоинство“ од Министерството за одбрана (МО) доаѓаат вести на оптимизам:

-Владата, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии, преземаат мерки да се реши проблемот во интерес на барателите. Имајќи предвид дека се работи за сложен правен случај побарано е стручно мислење од правни експерти за начините за надминување на проблемот. Веднаш штом ќе дојдеме до конкретно решение јавноста ќе биде известена, велат од МО.

Бранителите велат дека не бараат преку леб погача, ниту привилегии во однос на другите граѓани, ни милостина од државата. Тие без око да им трепне во 2001 година застанаа на браникот на татковината и велат дека ќе ја преживеат и оваа битка, но за да на крајот победи правдата ѝ порачуваат на Владата да и стави крај на оваа голгота што им го зема мирот сега.

Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој со години заедно со другите бранители води неуморна битка за исправање на неправдите, досега има поднесено неколку иницијативи. Првата, како што ни објасни, ја поднел додека бил државен советник во МВР, втората и третата како национален координатор за воени и полициски ветерани во Владата и последната во јули 2021 како претседател на „Достоинство“.

И покрај поддршката, како што вели, што ја добил претходно од поранешниот премиер Зоран Заев и министрите Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, иницијативите не ги поминаа владините лавиринти.

Бранителот Димче Манчев, неодамна за Нова ТВ изјави дека овој проблем може многу лесно да се реши, ако Владата донесе акт со кој ќе се откаже од овие побарувања во буџетот и да побара Министерството за одбрана да ја укине присилната наплата преку извршител.

– На сите ни беше јасно дека одлуката на Врховниот суд беше политичка во тоа време. Јас како учесник во војната во селото Ваксинце имам добиено паричен надомест за нематеријална штета. Не бев повреден, но поради претрпен страв и трауми ми беше доделен надомест во вредност со судските пресуди од околу 420.000 денари. После десет години, откако ни беа исплатени парите, односно два месеца пред истекот на рокот за застарување на делото, кога немавме време ни за жалби, ни за ништо друго, ми беше побарано да ги вратам парите. Преку извршителот треба да вратам 14.000 евра, се присетува бранителот Манчев кој сега работи во македонската гранична полиција.

И останатите бранители го поздравуваат тоа што Владата на Ковачевски има политичка волја да се зафати со решавање на овој долгогодишен проблем.

Ангелов бара поддршка и за уште една иницијатива со која треба да се надмине друга голема неправда кон 17 семејства на загинати бранители како и кон триесетина воени инвалиди од 2001-та, кои се уште немаат добиено праведен надоместок на нематеријална штета.

Стојанка Митреска

Бранители правда Стојанче Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.