Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бранко се одлучи за Грујо

0
By Борјан Јовановски on January 27, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 27, 2013 20:16

Бранко Црвенковски ја одби иницијативата на претседателот Иванов за формирање на независна експертска комисија која би требало да ги истражи случувањата од 24 декември “Одлуката на Црвенковски е суицидна” беше кусата реакција која ја добив од висок дипломатски извор. Целта на оваа иницијатива која ја донесе Филе а ја кажа Иванов, беше да му се овоможи на СДСМ да остане надвор од Собранието се додека не се утврдат сите факти за инцидентите од 24 декември.

Независна комисија раководена од експерт од ЕУ беше доволен гарант дека истрагата на оваа комисија со име и презиме ќе ги забележеше одговрните за инцидентите. Ќе дознаевме и кој и како и зошто го нареди оној брутален напад на Уставот и демократијата. Муебетот, кој погласно вика убедувајќи ја јавноста кој бил крив ќе беше затворен. На негово место ќе имавме докумет кој ќе беше дел од црните страници на историјата која ја пишуваме. Пресуда.

Добро вика Црвенковски во писмото до Иванов,сите видовме се на снимките,и таа реалност не можеше а да нр се одрази во истрагата на независната комисија која покрај странскиот експерт ќе имаше уште два члена во кој доверба имаат социјал демократите. Наодите од истрагата неминовно ќе доведеа до оставки а може би и кривична одговорност на поединци вклучени во инцидентот. Несомнено е дека тоа се луѓе блиски на Груевски така што неизбежна ќе беше и полтичката штета која ќе се запишеше на контото на владеачката партија.

Ваквиот исход на СДСМ ќе му овозможеше да се врати во Собранието со можност да се рализира и другиот елемент од компромисот кој го понуди Филе-д а се одложат локалните избори за некаде во јули кога би се одржале и предвремени парламентарни избори. До јуни сите релевантни политички фактори ќе требаше да се посветат на решавање на спорот со името по планот на Европската иницијатива за стабилност во кој се нуди географска одредница на местото на ФИРОМ, која ќе стане уставно име само тогаш кога Македонија ќе ги заврши преговорите за членство со ЕУ, што ќе рече за едно 6 или 7 години.

Таканаречените идентитетски прашања не се дел од преговорите. Подобро здарвје! Со малку поголема волја и политичка храброст политичките лидери ќе можеа да се исперат за сите свои гревови и да ни го вратат ентузијазмот и вербата во перспективите на Македонија со тоа што ќе му овозможеа на Европскиот Совет во јуни да ни даде зелено светло за старт на преговори. Наместо тоа сега тргаме во насока секој од нас сам да си преговара со пријатели во ЕУ за да си обезбеди престој ,работа и каков таков пристоен живот во некоја од земјите на ЕУ.

На Груесвки денеска му олесна. Го има тоа што го посакува. Да оди на локални без СДСМ и да ја освои целата локална самоуправа. Тие избори, по денешната одлука на Црвенковски ќе добијат целосен легитимитет од меѓународната заедница. Дополнително Груевски кој овој пат, се најде во тесно околу решението за името, во последен момент добива во рака јаже за спас. Пред ЕУ и САД без проблем ќе соопшти дека е невозможно да се оди на компромис со Грција кога опозицијата е на улица, од каде што, како што рече самиот Црвенковски нема да даде поддршка за компромисно решение.

Инсистирањето на било какви избори пред јуни САД и ЕУ го читаат како обид да се спречи реализацијата на планот до јуни да се најде решение за името и да се овозможи старт на преговори за членство. Во овие околности не се Груевски и Самарас проблемот за решавање на спорот туку самиот Црвенковски. Се што ќе добие Црвенковски во овие околности е потврда на неговиот лидерски мандат во СДСМ на конгресот во мај кој многу брзо потоа ќе му биде одземен од истите кои ќе му го дадат.

После толку години би требало самиот да знае дека голем дел од членството му е поврзан за малкуте институционални лостови во трите големи општини во државата кои повеќе ќе ги нема по локаните избори одржани без СДСМ. Конечно Бранко Црвеновски ја има канцеларијата на поранешен шеф на државата. На Груевски очигледно ќе му ја обезбеди сигурноста во премиерската фотеља. Заедно со нив обезбедено е и нивното потесно опкружување. Нејасно останува што со нас еден милион и деветсто девдесет и кусур илјади кои се уште се надеваме дека Македонија е нашиот дом кој заслужува покрив каков што имаат другите цивилизирани народи во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.