Published: Wednesday, January 15, 2014 11:12
Полицијата на Гватемала ги приведе двете жени осомничени за нападот врз потпретседателката на Гватемала, Роксана Балдети. Тие и фрлиле брашно в лице.
Една од приведените жени изјавила дека ја нападнала Балдети бидејќи „има право на слобода на изразување“.
Балдети беше нападната при излегување од Националниот театар кога жените и фрлиле брашно в лице.
Потпретседателската е хоспитализирана бидејќи имала проблеми со дишењето.




