Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Братот на мајката и вујко на девојчето: Денеска се случи убиство – сестра ми и внука ми со години трпеа терор дома, вели скопјанец по страшната трагедија во Тафталиџе

0
By Zoran Ivanov on March 3, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 3, 2026 10:12

Александар Стојаноски, братот на жената која попладнево загина по пад од зграда заедно со нејзината малолетна ќерка, вели дека неговата сестра и внуката минувале низ пекол предизвикан од таткото на девојчето

Жителите на Тафталиџе, на Скопје и на целата држава попладнево беа потресени од веста за страшна трагедија – мајка и девојче, нејзината малолетна ќерка, загинаа во пад од голема височина од станбена зграда. Александар Стојаноски, брат и вујко на жртвите, вечерва на социјалните мрежи напиша „денес се случи убиство“, откривајќи дека сестрата и внуката со години трпеле страотно семејно насилство од партнерот и татко на девојчето.

Стојаноски обвинува дека државата, институциите, службите… не успеале да го запрат насилството и да ја спречат трагедијата. Тој вели дека ќе се бори докрај за правдата за неговата сестра и за внуката.

Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата. Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа! Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!, напиша Стојаноски во објавата

Тој открива и дека неговата сестра денес требало да оди на средба со социјални работници, токму поради постојаното насилство, психичко и физичко, кое го трпеле таа и нејзината ќерка од насилникот.

„Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам. Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!, пишува Стојаноски во потресната објава.

Жители на зградата во која живееле мајката и ќерката на социјалните мрежи пишуваат дека биле сведоци на постојаното насилство што врз сопствената сопруга и ќерка го вршел насилникот, кој според нив често бил пијан.

Истрагата треба да ги открие точните околности под кои се случи ужасната трагедија во Тафталиџе.

 

брат вујко загинати институции СТојановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.