Published: Saturday, October 19, 2013 12:49
Сашо Тоневски од Скопје, брат на Маја Иванова, сопругата на Претседателот Ѓорѓе Иванов, по синоќешната сообраќајна несреќа е хоспитализиран на Клиниката за анестезија и реанимација во скопските клиники и се наоѓа во тешка здравствена состојба, потврдуваат за НОВА болнички извори.
Според информации од СВР Скопје, сообраќајната незгода се случила синоќа 30 минути по полноќ, кога Тоневски, роден 1971 година, движејќи се по булеварот Мајка Треза во близина на училиште „Кочо Рацин“, изгубил контрола над моторциклот веспа и удрил во металните ступчиња покрај патот.
И покрај инсистирањето на НОВА од КАРИЛ не откриваат повеќе детали за неговата моментална здравствена состојба




