Бредли Менинг сака да биде жена. Американскиот војник кој неделава беше осуден на 35 години затворска казна за доставување доверливи информации до „Викиликс“, за Ен-Би-Си изјави дека ќе бара хормонска терапија со што би станал жена под името Челзи.
„Како што сум минувам низ фаза на транзиција во следната етапа од мојот живот, сакам сите да ме запознаат во право светло“, вели Менинг. „Јас сум Челзи Менинг, јас сум жена. Со оглед на тоа како се чувствувам уште од детството, сакам да започнам со хормонска терапија што е можно побрзо. Се надевам на поддршка во оваа транзиција“.
Неговиот адвокат, Дејвид Кумбс, за шоуто „Today“ ги потврдил надежите на Менинг и самиот изразил надеж дека надлежните од затворот во кој тој ќе ја одлежува казната, ќе му ги обезбедат сите потребни средства.
„Се надевам дека од затворот ќе го обезбедат тоа, доколку тие тоа не го направат ќе направам се што е во моја моќ да бидат присилени на такво нешто“, изјави Кумбс.
Претходно, за време на неговото судење, Менинг се објасни како збунет во периодот додека ги давал информациите, за што се претпоставува дека се работи за неговиот пол.