Казна од 35 години затвор за американскиот војник Бредли Менинг поради откривање доверливи документи со тајни податоци на „Викиликс“.
Покрај тоа, Менинг доби отказ од американската војска.
Откако ќе одлежи една осмина од предвидената казна, тој може да биде пуштен од затвор.
Менинг, кој беше уапсен во 2010 година во Ирак, осуден е поради издавање на дипломатски преписки кои ги објави сајтот Викиликс, односно Џулијан Асанж.
Неговиот адвокат побара казната која ќе биде одредена да не надминува 25 години затвор, молејќи го судот, при изрекувањето на казната да балансира со рехабилитација.
Тој на 30-ти јули беше прогласен за виновен за повеќе кривични дела, вклучувајќи и шпионажа, но не и за помагање на непријател за што е предвиден доживотен затвор.
Менинг пред судот ја призна вината, истакнувајќи сепак дека за времето кога ги доставувал податоците до Викиликс, не мислел дека прави нешто лошо.