Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит: Договорот повторно на тест, трговците предупредуваат на недостиг од храна

0
By Нова ТВ on January 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 29, 2019 09:37

Британските пратеници денеска ќе гласаат за неколку амандмани на плановите на Меј, кои таа ги поднесе по гласањето со кое се отфрли нејзниот договор со ЕУ за Брегзит.

Со еден од клучните амандмани се прави обид, Владата да се обрзе повторно да преговара за таканаречениот „бекстоп“ кој трeба да гарантира отворена граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска по Брегзит. Со друг се предлага продолжување на преговарачкиот процес за Брегзит по март.

Ако некој од нив помине (што, според Би-би-си, не е сигурно), тоа ќе биде знак за премиерката дека на Парламентот може да му понуди модифициран договор. Сепак, ЕУ истакна дека промените во Договор за Брегзит нема да бидат предмет на повторни преговори меѓу двете страни, на што портпаролот на Меј рече дека Унијата ќе треба да има предвид компромис.

Најголем проблем, според британските медиуми, е да се обезбеди дека нема да постојат тнр. “цврсти” граничните премини меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која не гласаше за Брегзит. Ниту една страна не сака да го поткопа мировниот процес, како и слободниот проток на стоки и луѓе, но се уште не можат да се договорат за тоа како да се постигне тоа.

Британија и ЕУ се согласија да започнат тнр. бекстоп – еден вид на безбедност, која ќе гарантира дека нема да има цврста граница без оглед на исходот на идните трговски преговори меѓу двете страни. Според Би-Би-Си, бекстоп ќе значи дека Северна Ирска ќе остане предмет на некои регулативи на ЕУ, како што се стандардите за храна и стоки. Ова ќе ја спречи потребата од проверка на стоки на ирската граница, но ќе се бара некои производи увезени во Северна Ирска од остатокот од Обединетото Кралство да бидат предмет на нови проверки и контроли.

Бекстоп, исто така, ќе имплицира и привремена единствена царинска територија, практично задржувајќи го целото Обединето Кралство во царинската унија на ЕУ. Ако трговските разговори завршат без договор, Велика Британија ќе остане во бекстоп на неодредено време, но британската Влада вели дека тоа е малку веројатно да се случи, бидејќи тоа нема да биде во интерес на двете страни.

Запрашан за коментар за ставовите на ЕУ за повторно преговарање, портпаролот на Тереза М​еј изјави:

-Она што сум постојано го слушаме од европските лидери е дека тие сакаат Велика Британија да се повлече (од ЕУ) со Договор.  Се признава дека договорот е во најдобар интерес на ЕУ, како и на Велика Британија. Договорот беше отфрлрн од Парламентот на Велика Британија. Поради тоа, ако сакаме да посигнеме договор, очигледно е дека треба да се направат некои промени со цел да се добие парламентарна поддршка.

Сепак, можноста, која еден од министрите ја опиша како “пресметан ризик” – да не може да се ослободи од царинските прописи на ЕУ без нејзина дозвола, беше доволно за да одврати многу амбасадори од Договорот на Тереза М​еј. Тие бараат да се откаже од бекстоп, додека владата инсистира дека тоа е едноставно невозможно. Уште поважно, Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, која ја поддржува владата на Тереза ​​Меј, не се согласува и неодамна објави дека ќе гласа против Договорот.

Заменик главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија, Сабина Вејенд, изјави дека ќе биде предизвик да се види како Велика Британија се обезбеди мнозинство за Договорот за Брегзит, пренесува британски Сан. Таа рече дека постои “многу голем ризик” дека договорот за Брегит нема да биде усвоен.

Економски последици од неусогласеност

Неусвојувањето на договор за излез од ЕУ, за Велика Британија ќе значи сериозен проблем од можен недостиг на храна и повисоки цени, предупредуваат трговците на мало и синџирите на брза храна во писмото до премиерката Меј, објави БиБиСи.

Во писмото, во кое Би Би Си имале увид, се потсетува дека Владата проценува дека увозот на стоки преку француското пристаништето Кале може да падне за 87 отсто во однос на сегашното ниво, со што би се загрозиле залихите на многу видови храна. Во писмото се изразува загриженост во врска со царините, имајќи предвид дека во моментов само 10 проценти од британскиот увоз на храна спаѓаат под прописите на Светската трговска организација (СТО).

Ако Британија се врати на прописите на СТО, трговците на мало предупредуваат дека ова “би ги зголемило трошоците за увоз, а со тоа ќе порасне и цената на прехранбените производи”.

“Во март (кога Велика Британија и официјално се повлекува од ЕУ), ситуацијата станува уште посложена, затоа што британското производство (храна) е на ниско ниво”, се вели во писмото.

“Со оглед на тоа што рокот на траење на свежата храна е краток, тој брзо мора да биде доставен од фармите до нашите продавници”, велат трговците. Тие, исто така, додаваат дека не постои доволен простор за складирање на храна која може подолго да трае, бидејќи сите постоечки капацитети се веќе зафатени со “замрзната храна или храна што треба да се чува во фрижидер.” Меѓу потписниците на писмото се KFC, Co-Op и Lidl.

Трговците на мало досега не учествуваа во дебатата за Брегзит, но се “разбудија”, со приближување на датумот кога Велика Британија треба да ја напушти Унијата (29 март), оценува Би-Би-Си во анализата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.