Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит: ДПМНЕ им посакува среќа, СДСМ загрижени за европерспективите

0
By Нова ТВ on June 24, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на мнозинството граѓани на Велика Британија, кои на референдумот изгласаа земјата да ја напушти Европската Унија, политичките  партии во Македонија ја толкуваат различно. Иако сите во своите платформи припишуваат посветеност за приближување на земјата во европската заедница, во земјата сепак се чувствува и антиЕУ расположение.

НОВА ги праша за став четирите најголеми политички партии во земјава кои со посредство на ЕУ и САД во повеќе наврати седнаа на заедничка маса со цел да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.

Ставот на владејачката партија е дека одлуката на Британија треба да се почитува, а нејзиното влијание врз Македонците, одговорот најпрецизно ќе го дадат анкетите во иднина, односно народот.

-Станува збор за одлука на Британците и британските даночни обврзници која мора да се почитува. Единствено што можеме ние е да им посакаме успех на патот кој го избрале. Европската Унија губи значајна членка која даваше свој придонес во процесот на проширување на Унијата. Во однос на расположението на народот во Македонија и влијанието на Брегзит, ќе видиме, тоа наскоро сигурно ќе го покажат и анкетите, непринципиелно е да се коментира сега, вели портпаролот на владејачката партија Иво Котевски во изјава за НОВА.

Од СДСМ сметаат дека ЕУ е патот по кој треба да се движи Македонија.

-Ја делиме загриженоста којашто постои кај сите земји членки на Унијата, по референдумот во Британија. Особено што Македонија загуби една од земјите коишто беа силни поддржувачи на проширувањето. Како земја-претседавач со ЕУ, Британија силно го поддржа кандидатскиот статус на Македонија. Веруваме дека брзо ќе се изнајдат решенија за надминување на предизвиците. Социјалдемократскиот сојуз, како и огромното мнозинство граѓани во земјава, е убеден дека европските вредности и интегративните процеси што градат мостови меѓу граѓаните, народите и нациите се клучни за подобра и сигурна иднината на Македонија. Патот по којшто треба да се движи земјава е патот кон полноправно членство во Унијата, велат од  најголемата опозициска партија СДСМ.

vmro-dpmne_i_sdsm_3

Долгогодишниот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими, кој беше сменет од функција по бранот на нови министри од редовите на ДУИ, вели дека  европската агенда и реформите во Македонија мора да продолжат.

-Брегзит е одлука на мнозинството гласачи во Велика Британија и како таква треба да се почитува, иако во оваа прилика сепак е важно да се потенцира дека 48 отсто  Британци гласаа за да останат во Европската Унија. ЕУ треба да продолжи со изразено единство за остварување на мировниот проект, и во исто време да работи на справување со сите предизвици. За Македонија, ЕУ останува стратешка определба и интерес,како економски – така политички и безбедносен. Европската агенда и реформите во Македонија мора да продолжат и тие се во интерес на граѓаните на Република, вели Бесими за НОВА.

fatmir-besimi_2

 

Од ДПА денеска не беа достапни за коментар.

Последната антиевропска порака во Македонија, беше испратена на масовниот собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) на кои претставуваа високи функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Не во Нато“, „Амбасадорите ви се грди“, „Не во ЕУ“ и слично – ова беа белезите на собирот на ГДОМ, за подоцна, по лавината реакции во јавноста, од движењето да реагираат дека наводно биле подметнати.

AAAA

Според Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, владејачката партија иако јавно се залага за ЕУ, сепак преку своите медиумите и движења, пропагира сосема поинакво расположение.

-Се чувствува некое антиЕУ расположение, кое дел од граѓаните со радост го прифаќаат, но сметам дека одлуката на Британија нема да има некакви последици врз Македонија. Би било лошо, доколку тој пример го следат и другит членки, но верувам дека нема да биде така. Доколку се засили тоа, тогаш би требало партиите уште поодлучно да ги истакнат своите статути и платформи, бидејќи не знам некоја партија што не го споменува влезот во ЕУ во своите политики. Од друга страна, се забележува некакво лицемерие кај власта, бидејќи наметнува антиевропско расположение по провладините медиуми, што е очигледно, а од друга страна вели дека останува посветена на тоа Македонија да стане членка на европската заедница. Допрва ќе видиме што се случува, смета Кекеновски.

kekenovski-685x320

Македонија се најде и во антиЕУ кампањата на британските партии кои беа за напуштање на Унијата. Кампањата се содржеше во тоа што балканските земји меѓу кои беше наведена и  Македонија се претставени како „лошо друштво“ во Европа.

VoteLeave

Како што пишува Њујорк Тајмс, Брегзит дава јасен знак дека големите демократии се неверојатно ранливи под влијание на популистичките политички движења кои обожаваат да ги демонизираат имигрантите и надворешните сили. Првите последици веќе се забележуваат – гласањето во Британија ги прати светските пазари на диво паѓање.

-Неколку експерти очекуваат дека излегувањето на Британија ќе создаде финансиска криза слична по онаа на колапсот на банкарскиот џин „Lehman Brothers“ во 2008-та година. Но никој не може ниту да го исклучи тоа. Светот никогаш не бил овде претходно, пишува Њујорк Тајмс.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.