Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит не е Макегзит !

0
By Нова ТВ on June 25, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 25, 2016 15:50

Пишува Нано Ружин, професор и поранешен амбасадор во НАТО

Половина од Британците се шокирани, изненадени, исплашени но и бесни по реферндумското изјаснување за напуштањето на ЕУ. Си легнав како Европеец-се разбудив како Британец е најчестата реакција на младите Британци кои се разочарани и кои очекувале тесен резултат но не и Брегзит.

По неочекуваниот земјотрес, аналитичарите меѓу Берлин, Париз и Лондон, како главен виновник за Брегзитот го посочуваат Дејвид Камерон. Превидите на Камерун се најмалку тројни:

“Три години зборуваше за неговата лична неутралност и не се изјаснуваше дали е за останување или заминување од ЕУ, за да конечно последниве три месеци ја отпочне својата млитава кампања”, пишува британологот Валери Андре.

Камерон е одговорен и за чинот за одржување на референдумот.

“За да ја спаси својата кожа во рамките на конзервативната партија, отстапи пред притисокот на евроскептиците на партијата и прифати референдум”.

Воедно тој го потцени евроскептицизмот на Британците и но и неговиот политички кредибилитет, потпирајки се на преговорите со ЕУ за специјалниот статус на Обединетото Кралство, што беше оспорувано од страна на јавното мислење. Конечно вети дека ќе го смали бројот на емигрантите на 100.000 иако нивната реална бројка достигна околу 350.000. На тој начин кога историјата затропа на врата на Обединетото кралство, камеронизмот ке биде забележан како решавачкиот агрегат за заминувањето на Лондон од Брисел.

Коментирајки ги последиците на Брегзит, поранешниот Премиер Тони Блер исто како европските политичари констатира дека ова е еден тажен ден и за Обединетотот Кралство и за ЕУ.

“Во последно време се увереив дека популистички и екстремостички движења можат да и се наметнат на некоја партија но не верував дека можат да ја освојат и власта. Токму тоа се случи во нашата држава.”

Една од главните дилеми е : што понатаму?

Францускиот Председател Оланд смета дека не треба да се губи време и да се отпочне со заминувањето на Британците од ЕУ. Тони Блер не го дели таквото мислење и алудира на трпението на ЕУ која е пожелно да размисли пред да ја започне дискусијата. Европа треба да го свари овој шок со оглед дека импликациите од Брегзит се економски и ќе се почуствуваат врз светските пазари.

Последиците се и политички со оглед дека низ Европа постојат бројни популистички и екстремистички движења со суверенистички и партикуларистички амбиции.

Ангела Меркел, Доналд Туск и Мартин Шулц истакаа дека независно од Брегзит, ЕУ на 27-те ќе мора да продолжи по својата патека на натамошната интеграција но и со тесната соработка со Обединетото Кралство.

Последиците на Брегзит ќе го почуствуваат во повеке домени и државите-аспиранти. Кога се во прашање трговските и економските односи, голема е веројатноста дека тие ќе претрпат големи стресови во негативна смисла. Падот на британската фунта може да го поефтини британскиот извоз, да ја стимулира инфлацијата. Но оваа аномалија предизвикана од психичкиот шок се смета дека бргу ке биде надмината. Деловните партнери и институции кои потпишале одредени договори со ЕУ а чие важење се однесувало и на односите со Обединетото Кралство нема да важат. Извесно е дека и финансискиот центар на Европа ќе се премести од Лондон, веројатно во Париз.

На политички план, веројатно е дека голем број лидери-популисти чии влади морале да исполнуваат голем број непопуларни реформски зафати дискретно или отворено ќе го подржат Брегзитот.

Во Република Македонија според очекувањата, владеачката ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Брегзитот независно што ДПМНЕ се рекламираше за близок сојузник на Дејвид Камерон и за проевропски ориентирана партија. Аномалијата на оваа партија е уште поголема кога ќе се констатира дека подршката на ДПМНЕ кон Брегзит не се темели врз истите мотиви кои ги развија Борис Џонсон и Најџел Фараж.

Во македонскиот случај може да зборуваме за евроскептицизам и евро-омраза на ДПМНЕ на чело со Иванов и Груевски.

Во македонскиот случај може да зборуваме за евроскептицизам и евро-омраза на ДПМНЕ на чело со Иванов и Груевски. Македонија и Обединетото Кралство се неспоредливи ентитети. Британија е лулка на парламентаризмот, на демократијата, со развиен систем на контрола врз извршната власт од страна на судската и законодавната власт. Опозицијата, како коректив на власта, никој не се осмелил да ја исфрли ниту со мила ниту со сила од парламентот. Слободата на медиумите, НВО, интелектуалците исто така имаат клучна контролна функција во системот на либералната демократија. Во британскиот контекст нема услови за партизирано судство, потреба од создавање на СЈО, регистрирани корупциски скандали на политичарите на кои никој ништо не им може, фалсификувани избори. Кралицата која ја врши улогата на председател на државата е рационална, неутрална, достоинствена.

Човекот што ја врши улогата на председател на РМ не поседува ниту една одлика од споменативе квалитети. Напротив тој е подизведувач на ДПМНЕ, и политичар со најнизок рејтинг во историјата на РМ. Македонската политичка декаденција се обиде да ја оправда овој балкански soft-power председател преку суверенистичката теза дека разни амбасадори од ЕУ се мотале низ македонските судства. Неговата евро-фобија ја подгреваат армијата квази-новинари, експерти и баритони кои во Брегзитот гледат историска шанса да се закопа Договорот од Пржино, да се делегитимира СЈО а осомничените да избегнат било каква казна. Дури делува и фрустрирачки скандалозно твитер-прашањето на Јанкуловска кон британскиот амбасадор, која удавена од скандалите конечно пушти глас. Разбирливо бремето на кривицата и одговорноста се тешки како олово, а осомничениот очајно во секоја полу-шанса бара кислород. Затоа не треба Брегзитот да се толкува со Макегзидот.

Британија е финансиски и политички џин, економски, воено партиципира во политиките на ЕУ, додека сиромашната и недемократска Македонија, лошиот ученик на ЕУ, е само корисник на економската, политичката или безбедносната помош на ЕУ. Конечно заминувајки си од ЕУ, Обединетото Кралство не ги напушта историските придобивки на демократијата, вредности и критериуми кои заеднички ги дели со останатото европско семејство. Македонија е далеку од таквите вредности и токму евро-атланската ориентација треба да и помогнат да се врати на вистинскиот европски коридор.

Конечно ако во лошите настани се бара некоја позитивна димензија, тоа е констатцијата на поранешниот прв човек на ЕУ Жак Делор кој смета дека со заминувањето на Обединетото Кралство ЕУ ке може да ефектуира поконзистентна европска политика во доменот на дипломатијата, безбедноста и одбраната, земјоделството, социјалната политика, монетарната политика.

Прашање е како во услови на обновена европска политика ќе се третира прашањето на проширувањето на Унијата.

Во оваа насока се наметнува едно оптимистичко и едно песимистичко сценарио. Поразвиена и поконзитентна ЕУ ке наметне построги критериуми и можно е да ги забави интеграционите процеси кон државите аспиранти. Оптимистичкото сценарио претпоставува ЕУ да реформира поголем број на домени вклучувајќи ја и политиката на отворени врати кон Западен Балкан. Државите кои ќе покажат реформски способности како што е случајот со исполнувањето на Договорот од Пржино можаат да очекуваа побрз прием согласно заслугите. Затоа исполнувањето на реформите од Пржино се битни за евопските аспирации на Република Македонија.

Затоа Брегзит не е Макегзит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.