Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит: Што треба да знаете за британскиот референдум за ЕУ

0
By Нова ТВ on June 19, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што се случува?

Референдумот ќе се одржи во четврток на 23 јуни и на истиот ќе се одлучува дали Британија треба да остане или да ја напушти Европската унија.

Зошто се одржува референдумот?

Британскиот премиер Дејвид Камерун вети дека ќе го одржи доколку ги добие парламентарните избори во 2015 година како одговор на растечките повици од конзервативците од неговата партија и партијата УКИП. Тие тврдат дека Британија нема збор во ЕУ од 1975-та кога гласашее за влез во унијата на референдум.

Кое е референдумското прашање?

„Треба ли Обединетото кралство да остане членка на Европската унија и треба да ја напушти?“.

Кој ќе гласа?

Британците, Ирците и граѓаните на Комонвелтот кои се постари од 18 години, како и британските граѓани кои живеат надвор од Велика Британија, а се наоѓаат на избирачкиот список 15 години.

Како се гласа?

Ќе се гласа лично, односно граѓаните ќе добијат покана на домашна адреса која ќе го содржи гласачкото место. Гласаат во полициска станица каде што им даваат лист со референдумското прашање. Исто така, постои опција да се гласа и по пошта.

Камерун проба и ги смени условите за Британија во ЕУ или?

Да. Ова беше голема вест во јануари и фебруари кога тој постигна договор со лидерите на ЕУ да ги промени условите на британското членство. Овој договор ќе биде ефективен на денот по референдумот доколку Британија гласа за останување во ЕУ. Истиот и дава специјален статус и ќе помогне да се променат некои од работите кои не им се допаѓаат на Британците, како имиграционите политики и правото на поголемо одлучување за некои од внатрешните работи.  Критичарите велат дека истиот нема да и донесе големи бенефиции на ЕУ.

Кој во Британија сака надвор од ЕУ?

Британската јавност е дефинитивно поделена. Британската партија за независност (УКИП), која победи на последните европски парламентарни избори и доби речиси 4 милиони гласа и мнозинство од пратениците во европскиот парламент, сега е во кампања за излез на Британија од ЕУ. T Речиси половина од пратениците на конзервативците, вклучувајќи и пет члена на кабинетот на министри, како и неколку од пратениците на лабуристите се исто така за излез.

Зошто сакаат надвор?

Тие веруваат дека Британија е заложник на европските политики и дека на тој начи е уназадена поради преголемото регулирање на бизнисот, како и наплатите во милијарди за годишно членство во унијата. Тие исто така бараат Британија да ја врати целосната контрола над своите граници и да го намали бројот на мигранти кои доаѓаат да живеат и работат. Еден од главните принципи на ЕУ е слободата на движење, што значи дека на жителите на членките не им треба виза за да одат да живеат или да работат некаде во унијата. Тие се опираат и на идејата за уште поунитарна ЕУ или она што се нарекува движење кон Обединети држави на Европа.

Кој сака Британија да остане во ЕУ?

Премиерот Дејвид Камерун сака Британија да остане во ЕУ. Шеснаесет членови на неговиот кабинет исто така. Конзервативната партија се огласи за неутрална во процесот, иако некои членови индивидуално поддржуваат излез или останување, лабуристите се исто против, како и СНП, Либ Демс и други. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сака Британија да остане во ЕУ, како и Франција и Германија. Како што споменавме и погоре, британската јавност е еднакво поделена по ова прашање, според последните анкети.

Зошто сакаат да останат?

Оние кои се во кампања за останување велат дека Британија добива многу од членството. Може да продава слободно во унијата без никакви препреки и исто така, тврдат дека бројот на мигранти не е закана бидејќи станува збори за помлади луѓе кои сакаат да работат и кои не се не социјално,  а со тоа допринесуваат за растот на економијата и за плаќањето на јавните трошоци. Тие веруваат дека статусот на Британија во светот ќе биде оштетен со напуштањето и дека како дел од семејството од 28 членки тие се посигурни отколку сами. Тие исто така зборуваат дека опонентите лажат кога зборуваат дека Британија плаќа милијарди годишно за членство, а постојано во јавноста мора да демонтираат и други лажни факти кои националистите ги користат во јавниот дискурс кога сакаат да објаснат зошто е подобро без ЕУ.

Што е со бизнисот?

Големите бизниси со помали исклучоци го фаворизираат останувањето во ЕУ бидејќи за нив така е полесно и движењетето на парите и стоките и самата трговија насекаде низ светот. Дел од малите и средни бизниси сакаат надвор бидејќи сметаат дека така ќе се намалат европските регулативи врз нив. Британската стопанска комора вели дека 55 проценти од нивните членки го поддржуваат останувањето во унијата.

Кои се правилата на кампања?

Британската државна комисија вели дека се погрижила ова да биде фер натпревар. Двете страни добиваат грантови од 600,000 фунти, а максималниот буџет што може да го потрошат е 7 милиони фунти.

Кој ги води ривалските страни во кампањата?

  • Британија посилна во Европа – Оваа кампања е предводена од Лорд Роуз, порашенен претседател на компанијата „Марск анд Спенсер“. Тој е поддржат од клучните фигури оод Конзервативнат партија како премиерот Камерун и канцеларот Џорџ Озборн, повеќето од лабуристичките пратеници вклучувајќи го и лидерот Џереми Корбин.  Кој ја финансира кампањата: Досега тие собраа 6.88 милиони фунти, поддржани од две големи донации во вкупен износ од 2,3 милиони фунти, двете донации од магнатот со ланец супермаркети Лорд Саинсбери.  Кој друг е во кампања: СНП води своја кампања во Шкотска и не сака да ја дели платформата со конзервативците.
  • Гласај за излез – Оваа кампања е предводена од постарите конзервативци како Мајкл Гоув, а  тука е поранешниот градоначалник на Лондон и актуелен пратеник Борис Џонсон, од УКИП е Даглас Каршвел и Сузан Еванс, како и ДУП од Северна Ирска.  Тие имаат и мрежа на збратимени групи како „Фармерите за Британија“, „Муслиманите за Британија“ и една анти-геј група чија цел е да лобираат внатре во заедниците. Кој ја финансира кампањата: Досега собраа 2.78 милиони фунти. Најголемата донација од половина милион фунти е од Патрик Барбор, бизнисмен. Поранешниот благајник на конзервативците даде 350, 000 фунти, а могулот Теренс Адамс 300,000. Кој друг е во кампања: Лидерот на УКИП Најџел Фараж не е дел од нив, тој има своја кампања. Трговската унија и Коалицијата на социјалистите исто така се сами во кампања.

 

 

 

брегзит ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.