Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бретон: ЕУ треба да инвестира 500 милијарди евра во нови нуклеарни централи

0
By Biljana on January 9, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија до 2050 година треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од новата генерација, изјави комесарот за внатрешен пазар на Унијата, Тиери Бретон, во интервју објавено викендов.

„Само на постојните нуклеарни централи ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции од сега до 2030 година. А на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди“, изјави Бретон за Журнал ду Диманш.

Бретон, исто така, вели дека планот на ЕУ да ги означи енергијата од нуклеарните електрани и природниот гас како „зелен“ извор е важен чекор кон привлекување капитал.

ЕУ се консултира со своите земји-членки за овој предлог околу тоа дали овие извори на енергија навистина можат да се квалификуваат како одржливи опции.

Како што пренесуваат странските агенции, Франција ја предводи одбраната на нуклеарната енергија, нејзиниот главен извор на енергија, и покрај силното противење од Австрија и скептицизмот од Германија, која е во процес на затворање на сите свои нуклеарни централи.

Во предлогот се наведува дека Европската комисија „смета дека природниот гас и нуклеарната енергија можат да играат улога во олеснувањето на патот кон иднината, која во голема мера се заснова на обновливи извори на енергија“.

Во моментов, Унијата добива 26 отсто од својата енергија од нуклеарните централи, но Бретон проценува дека до 2050 година таа ќе се намали на околу 15 отсто.

Во предлогот се наведува и дека за нуклеарната енергија треба да се воведат соодветни мерки за управување и отстранување на радиоактивниот отпад.

Се бара изградбата на нови нуклеарни централи да биде условена со дозволи издадени до 2045 година, додека работата за проширување на постоечките електрани треба да биде одобрена до 2040 година.

ЕУ нуклеарна централа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.