Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел ќе го смени тонот ако не се исполнат ветувањата

0
By Нова ТВ on May 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2013 17:47

АВТОР: Светлана Јовановска

Македонија влегува во временски теснец. Крајно време е да се направи Анкетната комисија за црниот понеделник од 24 декември 2012 година но и да се реализираат точките од политичкиот договор постигнат на почетокот на март при претпоследната посета на европскиот комесар за проширување Штефан Филе. Во спротивно, нереализирањето на овој договор може сосема да го замрзне напредокот на земјата на европски план.

“Ангажманот на Европската комисија (ЕК) во Македонија започна пред повеќе од една година и е од огромна важност и за земјата и за ЕК. Нема сомнение дека нереализирањето на договорот ќе има негативни последици. Тешко е отсега да се каже какви ќе бидат последиците но пријателскиот тон на ЕК кон Македонија сосема сигурно ќе се смени“, вели за Нова европски дипломат во Брисел. Тој прецизира дека владеачката партија одбила странски експерт да биде ангажиран во оваа Комисија.

Да потсетиме дека на 1 март беше постигнат договор со кој опозицијата го прекина бојкотот и се врати во Собранието и одлучи да учествува на локалните избори. Истовремено е договорено формирање на Комисијата за 24 декември но и реформа на изборното законодавство, дијалог со новинарите, но и потпишување на меморандум за разбирање помеѓу политичките партии. Врз сето ова ЕК ќе оценува Македонија во наредниот извештај на есен и за време на самитот на ЕУ кој се одржува кон крајот на јуни.

Реализирање на овој договор има, за ЕК, речиси поголемо значење од решението за името помеѓу Скопје и Атина. Според извори во Брисел, овој договор е значаен за македонската демократска атмосфера и оттука сосема сигурно може да ја спречи ЕУ да донесе одлука за старт на преговори за членство дури иако спорот со името до крајот на јуни биде решен.

Познато е дека медијаторот Метју Нимиц има предлог со 10 точки за решение на спорот и во најскоро време очекува одговор до двете страни. Според Брисел, предлогот на Нимиц е поповолен за Македонија одошто за Грција. “Добро е Груевски да го прифати и со тоа да ја стави Грција во позиција која таа нема да може во тој случај да го одбие“, вели еден дипломат. Нема рок за одговор но тоа треба да биде брзо, најдоцна до средината на јуни.

На сите проблеми со кои се среќава Македонија сигурно не смее да се заборави и Бугарија. Овие неколку недели Софија е влезена во интензивна дипломатска мисија кај сите земји членки со испраќање на огромни материјали во кои го опишува начинот на кој според неа Македонија ја манипулира историјата и бара од Македонија потпишување на Повелба. Оваа активност е поинтензивна овој пат отколку што тоа беше случај минатата есен кога Бугарија исто така ќе закануваше дека ќе ја закочи Македонија на патот кон ЕУ.

Според нашиот дипломатски извор сето ова е во врска со споменатиот политички договор на македонските партии. Бугарија го користи бранот на лош имиџ кој го има нашата земја токму поради 24 декември и притисоците врз медиумите.
“Доколку овие проблеми се решат во најскоро време Софија ќе остане на суво без почва за акција и нејзините жалби за Македонија земјите членки нема да ги прифатат. Но ако ситуацијата остане како сега нема сомнение во негативен исход за Македонија на наредниот самит на ЕУ на кој ќе се решава за преговори за членство“, вели дипломатот.

На овој самит шансите да се добијат преговори се повеќе од добри особено што нема сомнение дека Србија во јуни ќе отвори преговори за членство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.