Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американската делегација, во која се вклучени специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, која требаше да се одржи во Брисел, е откажана, дознава „Кијив пост“.
„Состанокот во Брисел е откажан. Зеленски се враќа дома, рече Алекс Рауфоглу, новинар на „Кијив Пост“.
Како што објави и „Ројтерс“, Зеленски се враќа во Кијив по европската турнеја за време на која ги посети Париз и Даблин.
„Волстрит џурнал“, објави дека состанокот меѓу руските и американските претставници не довел до решавање на главната пречка во мировните преговори – територијалното прашање.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека тоа е едно од најважните прашања за Москва и дека сè уште не е постигнат компромис.

