Условите за одржување на избори на 5 јуни не се исполнети, а владата која ќе произлезе од нив нема да биде прифатена од меѓународната заедница. Ова во изјава за Дојче Веле го вели портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
Исто така, вели таа, Европската комисија нема да ги признае изборите на 5 јуни. Оттаму велат дека Комисијата жали што континуираната политичка криза уште повеќе ја оддалечува земјата од евро – атлантската агенда.