Британскиот премиер Дејвид Камерон го загуби гласањето што се однесува на воена акција против Сирија, пренесува „Ал Џезира“.
Подготовките на Владата се поразени во однос 285-272, мнозинството од 13 гласови против одлуката за напад на режимот на Башар ал-Асад.
Гласањето во четвртокот вечерта е необврзувачко, но во пракса значи дека рацете на Камерон се врзани што се однесува на евентуални воени дејствија.
Се работи за изненадувачки резултати ако се знае дека владата на Камерон речиси беше многу блиску да му се придружи на САД во потенцијалните напади да се казни сиријскиот претседател за тврдењата дека употребил хемиско оружје.
Во кратка изјава во парламентот, Камерон рече дека му е јасен ставот на Британците дека не сакаат да сведочат нови воени дејствија.