Ливерпул: Би сакале да ги замолиме граѓаните да не шпекулираат за околностите на вечерашниот инцидент на улицата Вотер во центарот на Ливерпул.
Можеме да потврдиме дека уапсениот маж е 53-годишен бел маж со британско потекло од областа на Ливерпул.
Во тек е истрага за да се утврдат околностите што довеле до судирот. Ги молиме граѓаните да не споделуваат вознемирувачка содржина онлајн, туку да ни испраќаат снимки или информации директно на MerPolCC или да ги пријават информациите со повик на 101, наведувајќи го бројот за пријавување 784. Информациите може да се пријават и анонимно преку 0800 555 111“, порачуваат од полицијата.
Апсењата се случија откако автомобил влета во толпа луѓе за време на победничката парада на ФК Ливерпул за прослава на освојувањето на Премиер лигата.