Брод на Британската кралска морнарица испловил во правец на Гибралтар каде што ќе се одржи воена вежба известуваат од британското Министерство за одбрана.
Според Гардијан, воениот брод ќе се придружи на бродовите кои испловиле вчера, а на Гибралтар треба да стигнат за седум дена. Официјален Лондон тврди дека целта на вежбата е да се покаже силата на морнарицата која може да ги заштити британските области во светот.
Одржувањето на вежбата има и друга цел, со обзир на тензијата и спорот кој го водат Шпанија и Британија околу шпанските гранични контроли поради што на границата се создаваат огромни колони. Можно е за решавање на спорот да биде побарана и меѓународна помош.