Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британските парламентарци ги обвинуваат Џонсон и Бајден за случувањата во Авганистан

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џонсон: Велика Британија, по одлуката на САД да се повлече, немаше друг избор освен да го стори истото.

Британските пратеници денеска остро ги критикуваа премиерот Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден за падот на Авганистан во рацете на талибанците, изјавувајќи дека тоа е неуспех на разузнавачките служби, недостаток на лидерство и колапс на моралната должност.

Говорејќи на вонредната седница на парламентот за ситуацијата во Авганистан, Џонсон кажа дека за талибанците треба да се суди според нивните дела, а не по зборовите што ги кажуваат, откако милитантите се обидоа да ја убедат светската јавност дека нема да се одмаздат.

Не мина ниту минута по воведното обраќање, а Џонсон веќе беше прекинат од член на неговата Конзервативна партија кој остро го искритикува.

Џонсон, кој во саботата замина на одмор за потоа експресно да се врати кога талибанците се приближија до авганистанската престолнина, денеска е обвинет од лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер, за „несовесно раководство“.

– Постоеше крајно погрешна проценка за издржливоста на авганистанските сили и зачудувачко самозадоволство кај нашата влада кога станува збор за талибанците, рече Стармер.

Поранешната конзервативна премиерка, Тереза ​​Меј, исто така, се прашува како Велика Британија толку погрешно ја проценила силата на талибанците, кои по молневитата офанзива во саботата го зазедоа Кабул.

-Дали нашето разбирање за авганистанската Влада беше толку лошо? Дали нашето знаење за ситуацијата на теренот беше толку несоодветно?” го праша Меј нејзиниот наследник. „Или ние само чувствувавме дека треба да ги следиме САД и се надеваме дека се ќе биде во ред“, додаде таа.

Неколку пратеници се фокусираа на одлуката на САД да се повлечат од Авганистан и на критиките на Бајден кон авганистанските сили, кои во голема мера им се предадоа на помалите талибанци. Џонсон призна дека Велика Британија, по одлуката на САД да се повлече, немала друг избор освен да го стори истото.

Том Тугендхат, конзервативен пратеник и претседател на парламентарната комисија за надворешни работи, кој служеше во Авганистан, во Долниот дом кажа дека тој, како и другите ветерани, чувствува гнев и тага.

– Видов добри луѓе како умираат и со себе под земја носат дел од мене и дел од сите нас, рече тој. “Срамно е Бајденовото доведување во прашање на храброста на луѓето што се бореа со мене и срамно е да се тврди дека избегале. Оние кои никогаш не се бореле треба да бидат внимателни кога ги критикуваат оние што се бореле“, рече пратеникот.

Велика Британија вети дека ќе прифати до 5.000 Авганистанци во првата година од новата програма за имиграција, која ќе опфати вкупно 20.000 луѓе. Приоритет ќе имаат жените, девојчињата, верските и другите малцинства.

Авганистан Бајден Велика Британија САД Џонсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.