Поголеми овластувања и моќ на Шкотска и ветија лидерите на трите главни партии во Британскиот парламент, доколку шкотланѓаните задутре на референдум гласаат против независност.
Ова ветување денеска е објавено на насловната страница на водечкиот шкотски весник Дејли Рекорд, a е потпишано од британскиот премиер Дејвид Камерон, лидерот на опозиционата Лабуристичка партија, Ед Милибанд и од лидерот на Либералната партија Ник Клег.