Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британско разузнавање: Путин врши „русификација“ на окупираните територии во Украина

0
By Zoran Ivanov on March 22, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 22, 2025 18:40

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши притисок врз Украинците во Русија и на окупираните територии во нивната матична земја да земат руско државјанство или да се преселат на друго место, соопштија денеска британските разузнавачи.

Путин во четвртокот потпиша декрет со кој се обврзуваат украинските граѓани кои живеат на територии зафатени од војна да го „решат својот правен статус“ до 10 септември или ќе бидат принудени да ја напуштат областа, според најновото разузнавање за војната во Украина од британското Министерство за одбрана.

Целта на декретот на Путин е речиси сигурно да ги принуди украинските граѓани кои одбиваат да прифатат руски пасоши и државјанство да ја напуштат украинската територија окупирана од Русија, се вели во извештајот објавен на „X“.

 

Кремљ продолжува да спроведува политика на „русификација“ на нелегално окупираните територии во Украина како дел од долгогодишните напори за искоренување на украинската култура, идентитет и државност од таму, се додава во објавата.

Русија го смета за свој црноморскиот полуостров Крим, кој незаконски го анектираше пред повеќе од десет години, како и делумно окупираните региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, се наведува во соопштението.

 

окупирани русификација териотории
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.