Новата амбасадорка на САД во земјавата Кејт Мери Брнс денеска ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски со што официјално ја започна својата функција.

-Ми претставува особено задоволство да го започнам мојот мандат во овој клучен период за односите помеѓу нашите две земји. Со нетрпение очекуваме, до крајот на годината, да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО алијансата. Како сојузници, нашите односи ќе стануваат посилни, поврзани преку нашата заедничка заложба за мир, безбедност и просперитет во регионот и пошироко, рече во обраќањето амбасадорката Брнс.

Таа потсети дека повеќе од 25 години двете земји заеднички работат и како што рече многу е постигнато во унапредувањето на заедничките цели – Северна Македонија целосно интегрирана во западните институции и целосно посветена на нашите заеднички вредности – демократија, индивидуална слобода, и владеење на правото.

– Нашите две земји се посилни поради нашата соработка. Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно на унапредување на нашите цели за безбедна и просперитетна Северна Македонија и Европа. Нашите бизнис лидери работат заедно за да создадат работни места и да ги развијат нашите економии. Нашите професори и студенти соработуваат на иновативни истражувања, а нашите уметници разменуваат идеи и инспирација, рече Брнс.

Таа изрази надеж дека со престојот во земјава ќе научи повеќе за нашата динамична култура, за традициите и за историјата, и најави дека ќе бара можности за споделување на културата на Соединетите Држави и за градење на мостови помеѓу граѓаните на двете земји.

Претседателот Пендаровски изрази голема благодарност за континуираната и цврста поддршка што Соединетите Американски Држави и ја дават на нашата држава од самиот почетокот на нејзината независност.

-Таа поддршка, посебно изразена во доменот на остварувањето на стратешките цели – целосно интегрирање во Евроатлантските структури и организации – не е само доказ за цврстото пријателство, туку и суштествен поттик и охрабрување за успешно соочување со сите предизвици во денешниот свет на постојани промени. Нашите земји се поврзувани и со заедничките заложби и решителност за чување на мирот, зајакнување на демократијата и почитувањето на човековите права. Стоиме заедно со САД и во борбата против тероризмот. Одлучни сме да продолжиме да дејствуваме во насока на натамошно промовирање на универзалните вредности што ги споделуваме, истакна Пендаровски.