Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнз: Итно мора да се завршат случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство

0
By НОВА ТВ Balaban on March 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 2, 2022 01:26

Итно мора да се завршат случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство, истакна вечерва американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, во ексклузивно интервју за ТВ21.

Таа нагласи:

– Сметам дека искуството и, особено тоа што уште има случаи од поранешното СЈО кои се во системот, покажува дека луѓето сакаат правда. Сакаат случаите да поминат низ системот, да бидат обработени од способни професионалци, без политичко мешање и со конечно решение со кое ќе се одреди одговорноста за криминалот што ќе се докаже дека бил извршен, вели Кејт Мари Брнз.

Амбасадорката додава дека увиделе дека итно мора да се завршат случаите од поранешната канцеларија на Специјалниот јавен обвинител, да се обработат во системот и да се види правда во тие случаи.

– Видовме, исто така, според подоцнежниот закон за јавното обвинителство, дека има потреба процесите да се разгледаат  и да согледаме како се управува со позициите и со процесите за да бидеме сигурни дека случаите ќе се придвижат низ системот без политички влијанија. Сѐ уште сме соочени со тежок предизвик, ама има многу луѓе кои се фокусирани и сакаат да го направат системот функционален, порача Мари Брнз во ексклузивното интервју.

Таа нагласи и дека „треба да се одреди каде постои корупција и потоа да се справиме со неа“.

Во секоја држава, според Брнз, мора да постои национално решение, но постојат и начини за соработка како можност да се внесат најдобрите практики и заедничката експертиза кои, како што вели, ќе ни помогнат  меѓусебно да се поддржиме и да се справиме со прашањата.

– Во Северна Македонија се гледа многу динамична дискусија за корупцијата и опасноста од корупција на секое ниво. Би рекла дека тоа е сигнал дека вашата демократија е жива и силна. Секако, справувањето со корупцијата е тешко и напорно и нема да Ве лажам. На демократиите им треба постојано внимание. Бараат постојана работа, особено кога се работи за дел од овие проблеми, кои се поврзани со интересите на некои луѓе и културолошките пракси кои мора да се променат. Но, сметам дека е важно што имате многу гласно и енергично граѓанско општество и НВО-сектор, коишто ја присилуваат Владата да одговори на дел од овие прашања. Тоа е огромно барање, а луѓето бараат резултати и дејствување, порача Брнз. 

 

 

ексклузивно интервју Кејт Мари Брнз поранешното случаите Специјално јавно обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.