Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнз: Продолжете со реформите и борбата против корупцијата

0
By Соња Крамарска on August 30, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 30, 2022 13:46

Ќе продолжиме да стоиме зад Северна Македонија додека се справувате со тешките реформи за да осигурате дека сите се еднакви пред законот и оти корупцијата нема да се толерира, порача американската амбасадорка во Скопје.

„Јасно го гледате патот на земјата кон ЕУ и препознавате што заслужуваат граѓаните на Северна Македонија. Се надевам дека лидерите низ политичката структура ќе видат колку е критично да се променат системите и мрежите кои дозволуваат корупцијата да предизвика таква штета. Како што рече претседателот Бајден, корупцијата е рак што ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновација и креативност. Го троши талентот на цели генерации. Тоа ги плаши инвестициите и работните места. Постигнавме напредок, има уште многу работа да се направи и ќе продолжиме да стоиме со Северна Македонија додека се справувате со тешките реформи за да осигурате дека сите се еднакви пред законот и дека корупцијата нема да се толерира“, рече американската амбасадорката Кејт Брнз.

Имплементација на препораки за политиките и законодавството поврзани со антикорупцијата и конфликтот на интереси, засилени критериуми за избор врз основа на заслуги за назначени позиции, иницијатива за отворен град, над 400 збирки на податоци од институции и вклучување на граѓаните како партнери со општинските власти во процесите на одлучување, се само дел од активностите кои беа спреведени во рамките на овој проект.

Амбасадорката Брнз го истакна задоволството од вклучувањето на младите во прашањата од јавниот интерес.

„Го поздравувам вашиот неуморен активизам и ангажман во креирањето на сопственото место на масата и залагањето за вашите прашања и вашата визија за вашата земја. Системските предизвици со кои се соочуваме денес имаат најголемо влијание врз вас и вашата иднина, и ние сме горди што работиме со таква импресивна група која е жестоко посветена да ја направи Северна Македонија место каде што сакате да живеете, да работите, да напредувате и да стареете“, рече амбасадорката.

Таа им се заблагодари и на претставниците на граѓанското општество кои имаа клучна улога во зајакнувањето на социјалниот договор меѓу граѓаните и владата.

„Просперитетното граѓанско општество е во срцето на секоја функционална демократија. Вие сте олеснувачите, набљудувачите и партнерите кои создаваат меѓусебен дијалог, ги повикуваат луѓето и институциите на одговорност и преземаат активности за изградба на општество во служба на своите граѓани“, нагласи Брнз.

Брнз порача дека иако си заминува бидејќи ѝ истекува мандатот, ќе ја следи состојбата во Северна Македонија и повтори дека САД се и ќе бидат партнери на државата.

„Со нетрпение очекувам да го следам следното поглавје на Северна Македонија, дури и од далеку. Соединетите Американски Држави цврсто ќе застанат покрај Северна Македонија како сојузник и партнер во одбраната на демократскиот светски поредок“, рече Брнз.

борба против корупција Кејт Мари Брнз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.