Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на активни Ковид-случаи под 5 000, не се предвидуваат дополнителни мерки

0
By Mirjana on December 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на регистрирани активни случаи на Ковид-19 во земјава вчера падна под 5 000, а намален е и на околу пет проценти бројот на позитивни на вирусот од направени анализи. Во вчерашниот Ковид-билтен од направени 4.572 тестирања регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19, 717 оздравени пациенти, како и 15 починати лица, од кои седум се пријавени согласно Регистарот од Мој Термин.

Како што информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, најмногу од новорегистрираните лица 120 – се од Скопје по што следат Битола со 25, Прилеп 22, Охрид 20 и Куманово и Кавадарци по 11.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и осум починати лица од кои по две се од Струмица (56г и 76г) и Куманово (63г и 75г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Прилеп (83г), Битола (47г) и Штип (83г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719. Најмногу активни случаи 2.375 има Скопје, а најмалку, односно по едно во Пехчево и Дојран.

Првиот случај на сојот омикрон на вирусот SarsCoV2 во земјава е детектиран завчера кај маж кој допатувал од Велика Британија. Надлежните – здравствени власти најавија дека за време на празниците не се предвидуваат нови дополнителни мерки во земјава, а вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата.

Прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат дека сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на вакцините против Ковид-19, но овој вид е помалку опасен од делта сојот.

Научните советници на британската влада предвидуваат дека сите нови антиковид мерки, вклучително и забраната за собирање воотсто затворено, кои што почнуваат од вторник, 28 декември, треба да траат до 28 март следната година, со цел да се намали бројот на смртни случаи во Англија за 39 

Правилата ќе вклучуваат забрана за дружење меѓу членови на две домаќинства во затворени простории, враќање на собири до шест лица на отворено, додека пабовите и рестораните би можеле да ги одржуваат отворените делови.

Советниците од Универзитетот во Ворвик наведуваат дека рестриктивните мерки ќе го преполоват притисокот врз болниците, во споредба со мерките од сегашниот план Б. Тој предлог се уште не го виделе министрите, кои би можеле да донесат одлука на почетокот на следната недела, јавија лондонски медиуми.

Слободно, без посебни рестриктивни мерки, без карантин и полициски час за разлика од лани, но со селф тестови, задолжителна маска, без јавни празнични манифестации и со значително поскапи цени, Грците ќе ги поминат божиќните и новогодишните празници.

Актуелните мерки остануваат непроменети и рестрикциите во главно се однесуваат на невакцинираните лица, за кои е забранет влез во речиси сите затворени објекти, а иако се споменуваше воведување задолжителен рапид тест за прослава на празниците во баровите и ноќните клубови, сепак грчката Влада одлучи тестирањето да го остави на самите граѓани, преку два бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба.

Во последен момент пред Божиќ, Владата воведе мерки, но се однесуваат на задолжителната маска и на отворено и на затворено, а не само во затворените простори како што беше случај досега, како и на откажувањето на сите јавни божиќни и новогодишни манифестации.

Активни случаи Корона ПОД 5.000
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.