Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на приеми во болниците стабилен, вкупно се лекуваат 798 позитивни и суспектни на Ковид–19

0
By Нова ТВ on January 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава во деноноќието меѓу саботата и неделата беа регистрирани нови 345 случаи на Ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16.419. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67.453, а на починати 2.622.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите. За 24 часа во деноноќието меѓуво ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со што вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Во претходното деноноќие се направени вкупно 2455 тестирања, регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пациенти, на возраст од 48 до 82 години, сите во болнички услови.

Од новите случаи на Ковид-19, 129 се во Скопје, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14. Како оздравени од страна на Институтот за јавно здравје вчера беа регистрирани 289 пациенти.

Според епидемиолошки анализи во Скопје во моментов има најмногу активи лица на Ковид-19, вкупно 10.022.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.