Бројот на жртвите од уривањето на зграда во југозападен Иран, во градот Абадан, денеска се искачи на најмалку 41, јавија државните медиуми.
Гувернерот на градот Абадан, Ехсун Абаспур, ја соопштил бројката врз основа на официјален извештај, објави државната телевизија, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес.
Уривањето на зградата на 23 мај во Абадан, на околу 660 километри југозападно од главниот град Техеран, ги врати болните сеќавања на минатите национални катастрофи и ги истакна лошите градежни практики, владината корупција и негрижата во Иран, информираат светските медиуми.