Тројца маскирани и вооружени разбојници утрово во 9.45 ја ограбиле експозитурата на Халк Банка во скопската населба Илинден.
Брзо како на филм разбојниците откако им се заканиле на вработените успеале да си заминат со плен од над еден милион денари.
МВР трага по сторителите, кои имале качулки на главите и оружје во рацете.