Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бујар Османи: 19 октомври е денот на политичка трансформација – ден кога Чаир ќе се ослободи по 20 години

0
By Zoran Ivanov on October 6, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва во своето обраќање ја нагласи историската важност на 19 октомври, нарекувајќи го „ден на политичка трансформација“ и пресвртница што ќе ја определи иднината на општината, државата и нацијата, се наведува во соопштението кандидатот за градоначалник на Чаир кое МИА го пренесува интегрално.

19 октомври ќе остане запишан во историјата како денот кој ја определил насоката на државата, на нацијата и на нашата општина, изјави Османи, потенцирајќи дека секој граѓанин има одговорност да даде свој придонес во тој процес на промена.

Тој порача дека изборите на 19 октомври не се обично гласање, туку морална и човечка должност кон Чаир и неговите жители.

Со едно излегување на избори, можеме да донесеме четири големи победи, победи што ќе влијаат директно на животот на граѓаните, на семејствата, на нашата општина и на државата која сите ја сакаме, нагласи Османи.

Османи остро ја критикуваше владејачката структура во општината, опишувајќи ја како олигархија која владее однадвор и се збогатува на грбот на граѓаните, земајќи им ја водата, тротоарите, патиштата, здивот, воздухот.

Чаир 20 години е заробен од оние што ја задавија општината и не и дозволија да дише. Општината од сервис за граѓаните е претворена во инструмент на една клика што се збогатуваше на нивна сметка, рече Османи.

Во својот говор, Османи се осврна и на граѓанското незадоволство, опишувајќи го како „масовно чувство на фрустрација и востание“, што одблиску го видел при неговите редовни средби со граѓаните на Чаир, кои како што рече бараат промена.

Оваа мисија на политичка трансформација, која од 19 октомври ќе отвори ново поглавје, нова ера за нашиот Чаир. За Чаир што нема да дозволиме повеќе да биде најнеуредената општина во градот Скопје, порача Османи.

 

Бујар Османи кампања локални Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.