Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буџаку: ЦУК е во полоша состојба отколку пред 15 години

0
By Нова ТВ on September 15, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 15, 2019 09:42

Ситуацијата во Центарот за управување со кризи е полоша отколку во времето кога се формираше, вели директорот Агрон Буџаку, кој во 2005 година беше првиот директор на оваа институција. Во интервју за Радио Слободна Европа тој вели дека за примената на законите во земјава е потребна демократска и институционална култура.

-Накратко би рекол дека не е подобрена, туку дека е полоша откако ја оставив како нова институција и преминав во Собрание како пратеник, а тука бев само девет месеци. Имавме многу амбиции, нов закон, нова клима, но за жал поради субјективни и објективни причини ситуацијата е многу полоша отколку што јас очекував.

Тој вели дека ЦУК има мал буџет, кој идната година според проекциите на министерот за финансии, ќе се скрати, а околу 92 отсто од него оди само за плати.

-Ние само за плати и за минимално функционирање со режиски трошоци, да не се меѓународните институции кои не помагаат, како УСАИД, јапонската „ЏАЈКА“ и германската институција за помош „ГИС“ и ЕУ, тешко би ја сработиле нашата работа.

Побаравте ли повеќе пари со последниот ребаланс на Буџетот?

-Со ребалансот не, бидејќи побарав лани и не дадоа. Тоа е само трошење на време и ресурси, така што оваа година планираме и побаравме поголем буџет, затоа што оптимистички од декември следната година ние имплементираме и ќе биде во функција единствениот број за повици за граѓаните 112. Тоа значи наместо да се врти во полиција, прва помош, противпожарни единици или било каков да имаат граѓаните, ќе повикуваат само еден број и тој број е финансиран од Европската унија. Сега парадоксално е дека ова е едно од барањата или критериумите за членство во ЕУ, која и финансира, а тие 15 отсто кои беа определени во прекција за идната година, сега најновата проекција која ја добивам за буџетот или како што велат рамките на тоа колку можеме да бараме, тие 15 отсто што државата ни ги одобри, сега идната година се скратени, така да не знам што кажам. Тое е тотално неглижирање на еден многу важен аспект и плус барање на ЕУ. Тие финасираат, ние имаме само 15 отсто да учествуваме во проектот и тие 15% со проекцијата или планирањето на буџетот за идните две години се скратрени. Тоа е апсурдно.

Поголеми пожари во земјава имаше уште од март оваа година, па сега повторно секојдневно гледаме запалени шуми на стотици локации. Зошто со години државата не може да ги превенира пожарите?

-Превенцијата е една од функциите на Центарот, значи превенција, рано предупредување и координација. Јас во оваа прилика би нагласил дека ние во делот на превенцијата практично не можеме ништо да правиме, бидејќи не добиваме никакви средства за организирање. Тоа не е баш многу добра политика, затоа што еден денар вложен во превенција заштедува седум денари во санирање во поседиците од несреќата. Значи ние сега наместо да го инвестираме тој еден денар во превенција, ние после плаќаме скапо во санирање на последиците. Тоа е многу важно прашање, ние од наша страна правиме координација, но ние немаме ресурси директно за на терен. Второто прашање е во улогата на ЦУК, ние имаме улога во прогласена кризна состојба, законски ние преземаме координација на сите институции кои треба да се ангажираат во справување со несреќа, било да се од природна или од друга природа. Само во кризна состојба тоа веќе го менаџираеме со мигрантската криза, но од друга страна во време на нормална состојба институциите треба да знаат дека ако има пожар прво на терен ќе интервенираат луѓето од Македонски шуми, а потоа локалната самоуправа бидејќи територијалните единици се под локалната власт и потоа ние ги информираме и ургираме кон сите други да има интервенција на Дирекцијата за заштита и спасување и во случај тие да не може да се справат со пожар во овој случај, тогаш се свикува нашето тело кое редовно се состанува, тоа е главен штаб, но исто така имаме и група за процена во која по екс-официо ја водам јас како директор. Заедно со претставници на институциите на системот, ние проценуваме дали треба да се прогласи кризна состојба за да Армијата интервенира во справувањето во овој случај со пожарите. Значи има одредена процедура.

Целото интервју проследете го од видеото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.