Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буџет 2018: За опозицијата е нереален, за власта е граѓански и развоен

1
By Нова ТВ on November 27, 2017 ПОЛИТИКА
Фото Плусинфо.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во денешната расправа за предлог буџетот за 2018 во Комисијата  за финансирање и буџет, се судрија мислењата на владејачкото мнозинство и на опозицијата. Според мнозинството предложеникот буџет е граѓански, креиран на реални проекции и со него почнува со финансиска и економска стабилизација, за опозицијата е дека не е реален и не е реформски.

– Со буџетот за 2018 се почнува со финансиска и економска стабилизација на Република Македонија. Повеќе пари се наочуваат кај граѓаните и стопанството, да се унапреди македонсакта еконоија, животот и здравјето на граѓаните, рече Васко Ковачевски од СДСМ.

Според него, ова е прв буџет од оваа Влада на премиерот Зоран Заев и како таков јасно ги отсликува и вредностите и начинот на работа на оваа Влада, а тоа е транспоареност и чесно во интерес на сите граѓани на РМ.

Опозицјата жестоко го кртикуваше, нарекувајќи го најголем од осамостојувањето на државата, посочувајќи на ставовите на експертите.  За Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ многу самоуверено и сомногу леснотија и без никаква детална анализа се оди со идејата дека ова е најразвоен и најреформски буџет.

Таа го праша министерот Тевдовски во кои компоненти е најразвоен и зошто е проектиран најголем буџет досега кога сите потпреседатели и економски експерти на СДСМ во изминатиот период говореше дека РМ нема капацитет, односно нема можност да реализира буџет поголем од три милијарди евра.

Според неа, не може да се оствари оваа бројка доколку не новата Влада не планира некое друго даночно зголемување кое ќе биде на терет на граѓаните.

Наведе дека нема зголемување на пензии, плати, нема изградба на нови магистрални делници на гасоводот, дека се издвојуваат помалку пари за животна средина иако се воведе акцизата на нафтата.

Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет својот буџет го образложи и народниот правобранител Иџет Мемети кој верува дека со него првпат ќе успее инситуцијата Народен правобранител полесно и поефективно да помага на граѓаните во однос на промоција и заштита на нивните права.

– Со овој буџет ќе почнеме да помагаме на граѓаните и на судовите на поефикасен начин да доаѓаат до реалните состојби, односно до фактичките состојби, истакна Мемети.

Предлог-буџетот пред членовите го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој најави  трошење на народните пари на вистински мерки кои ќе придонесат за подобрување на економијата и животот на граѓаните, а не, како што рече, на расипништво и непотребни проекти.

– Во Предлог-буџетот за 2018 година се предвидени повеќе средства за клучните столбови на општеството: повисоки плати во Армијата, здравството, образованието и детската грижа. Има повеќе средства за приближување до НАТО стандардите, за поддршка на домашните претпријатија и за мерки за вработување, како и за капитални инвестиции. А има и за враќање на претходно земени долгови и на затекнати неплатени обврски, истакна Тевдовски.

Тој додаде дека Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството како повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО.

Расправата во Комисијата за финансирање и буџет која почна денеска ќе трае 10 дена. По предложениот текст има поднесено вкупно 279 амандмани.

 

Буџет 2018 Комисиаја за финансирање и буџет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.