Бугарија ќе донира хуманитарна помош за бегалците сместени во транзитните центри во Македонија, а донациите денеска ќе бидат предадени до транзитниот центар во Табановце.
Помошта за Македонија минатата недела во телефонски разговор му била ветена на претседателот Ѓорге Иванов од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Од почетокот на месецов во кампот во Табановце предвиден за краток престој од неколку часа, сместени се околу 1 300 бегалци, а уште 399 лица престојуваат во шатори поставени на граничниот камен со Србија, кои се главно од Авганистан, Сирија и Ирак.
Претставници на невладините кои се на терен велат дека се загрижени за здравјето на бегалците, но и поради молкот како од властите и од Брисел од кои се уште нема одговор за судбината на овие луѓе. Таму викендов, регистрирани се два нови случаи на кожната болест шуга.
По затворањето на рутата, во прифатниот Центар во Гевгелија моментално има само 30 лица.




