Бугарското Министерство за економија и енергетика донесе одлука за прекин на сите активности за изградба на гасоводот Јужен тек се додека истиот не биде услогласен со барања на Европската комисија.
Министерот за економија Васил Штонов упати писмо до Бугарскиопт енергетски холдинг во кое упатува забрана за склучување договори врзани со Јужен тек, а од нив побара и соработка со Европската комисија во процесот на услогласување со барањата на унијата.
Бугарија се најде под огромен притисок од Европската унија откако одлучи да склучи договор со руската компанија Гаспром за изградба на гасоводот кој треба да минува низ повеќе балкански држави. Европската унија обвини дека договорот со Русија не е во согланост со европските закони.