НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија претседава со ЕУ во тешко време

0
By Нова ТВ on January 1, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија, земја која во Европа е под особен надзор, во време на Брегзит и проблеми со бегалците мора да игра важна улога за ЕУ. Претседавањето со ЕУ за Бугарија е голем предизвик. Преговори за Брегзит, дебата за заедничка бегалска и мигрантска политика, подготовки за финансиската рамка од 2020 година натаму – ова се само три од тешките задачи, објавува Дојче веле.

Надлежната министерка Лилјана Павлова ја претстави програмата на Бугарија за претседавањето со ЕУ и во бугарскиот и во Европскиот Парламент. За успешно претседателство со ЕУ се неопходни политички консензус, дијалог и разбирање, рече таа. Зачувување на единството и стабилноста на ЕУ за Софија се најважните предизвици, но има и други тежишта, најави Павлова.

Важни пред сѐ се прашањето на иднината на младите, кое е директно поврзано со идниот буџет 2020-та и со Брегзитот. ЕУ-перспективата на Западен Балкан, безбедноста и стабилноста во однос на бегалците и миграцијата, заедничката европска одбрана и економскиот пораст, фокусиран на единствен европски дигитален пазар – така изгледа нецелосниот список во времето на претседателството на Бугарија со ЕУ.

Ангажман за Западен Балкан

Списокот со тежишта се менуваше повеќепати, пред сѐ затоа што бугарската влада мораше да ги усогласи своите високо поставени цели со институциите на ЕУ и со реалноста. Во меѓувреме на Софија ѝ е јасно дека за време на претседателството земјата повеќе ќе координира и хармонизира, а помалку ќе води и дека супер проблемите Брегзит и бегалци ќе се третираат со помош на бугарско посредство, но земјата тука нема да ја има раководната палка.

Што се однесува до темата која е важна за Софија – Западен Балкан, земјата се обидува да се профилира како компетентен и конструктивен посредник и планира дури и екстра самит на ЕУ, на 17 мај 2018 година. Поранешниот државен министер во Министерството за надворешни работи и претседател на Германско-бугарскиот форум, политичарот на СПД Гернот Ерлер, за ДВ вели: „Бугарија ќе стави големо тежиште на Западниот Балкан и на политиката на проширување и на интеграција. За такво нешто земјата со своите билатерални односи во регионот има добри предуслови.“

Поранешниот претседател на ЕП, Ханс-Герт Петеринг, кој неофицијално важи за главен советник на бугарската влада по прашањето на ЕУ-претседателството, е претпазлив. Според него, пораката би требало да гласи: „Не можете да станете членки многу бргу, мора да се реформирате, да се борите против корупцијата и да градите правна држава. За сметка на тоа, во одделни сфери, како што е намалувањето на роамингот или прашањето на дигитализацијата, би можеле можеби да бидете третирани како и останатите држави на ЕУ.“

Темната страна на претседателството со ЕУ

Земја, која сѐ уште е под мониторинг на ЕУ, го презема претседавaњето со Унијата – нешто што, како што вели Јохана Дајмел, заменик раководител на Друштвото за ЈИЕ во Минхен, е „новитет“. Последниот извештај во рамки на постапката за соработка и контрола (ЦВМ), како што оценува Дајмел, бил „многу алармантен“, зашто „се зборува за директен напад врз независноста на судството, минирање на независноста на судиите, па дури и за закони спротивни на Уставот“. Ако сето тоа се има превдид, Бугарија не може да биде пример, нагласува Дајмел: „Ако постојат вакви основни дефицити, како тогаш земјите од Западен Балкан да се мотивираат на реформи на правосудството и правната држава, на борба против корупцијата и организираниот криминал?“ Дајмел потсетува на проблемите со кои се соочуваат медиумите во Бугарија и заклучува: „Дали Бугарија е вистинскиот претседавач со ЕУ кој ќе се соочи со овие основни прашања и ќе ги стави на агендата? Се сомневам.“

Повеќе на темата:

– Бугарските проблеми за претседавање со ЕУ

– Заев: Македонија не загуби ништо со договорот со Бугарија

– Македонија и Бугарија: Минатото како скришно писмо

Сомнежите во спососбноста на Бугарија да раководи успешно со ЕУ се оправдани и поради една друга причина. Дел од бугарската влада се ултранационалистите од сојузот „Обединети патриоти“. Според Даниел Кадик од фондацијата „Фридрих Еберт“, тоа е проблематично: „Познати ксенофоби, нациналисти и протекционисти ќе претседаваат со различни совети. На пример, таков е случајот со вицепремиерот Валери Симеонов, кој не ја крие својата омраза кон малцинствата, и Ромите јавно ги нарекува ‘диви мајмуни’.“

Ханс-Герт Петеринг меѓутоа очекува на премиерот Борисов да му успее да го дисциплинира коалициониот партнер, „за да може да продолжи со својот проевропски курс“. Притоа може да се потпре на мнозинството на населението. Според Галуп Интернационал, 62% од Бугарите имаат доверба во ЕУ, што е пораст од 12 проценти во споредба со декември 2016-та.

Бугарија ЕУ претседателство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.