По одлуката на американскиот Врховен суд да ги озакони браковите меѓу лица од ист пол, бугаринот Трајан Попов и неговиот американски партнер, Џулијан Марш ќе станат првата хомосексуална двојка во САД на која ќе и биде одобрено барањето за издавање зелена карта.
Попов, кој моментно е во САД врз основа на студенстка виза, нема да биде во можност да работи или да го посетува семејството во Бугарија уште најмалку шест месеци додека трае процедурата за издавање на зелена карта. Неговата венчавка со Марш, објавена лани во Њујорк, сè уште не е призната на Флорида каде моментално живее брачниот пар.
Само два дена откако Врховниот суд ја донесе одлуката, Попов и Марш биле известени дека американската имиграциска служба го одобрила нивното барање за добивање зелена карта. Попов и Марш се венчале по само една година откако се запознале.