Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарската пропаганда зема залет, македонскиот јазик станува „скопска пишана норма“

0
By Нова ТВ on February 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 9, 2021 15:06

Во Бугарија се мобилизираат на сите начини за да ги  уверат земјите членки на Европската унија во исправноста на аргументите на Софија околу македонскиот јазик и историјата.

Така, за 15 фебруари во Софија е најавено објавувањето на „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Македонија“ како приватна иницијатива, во која според најавите ќе бидат презентирани примери „за кражба на бугарската историја, за уништување на бугарските споменици и за репресија врз  Македонците кои се сметаат себеси за Бугари“.

За да бидат аргументите поуверливи, тимот што ја подготвил Белата книга вклучува и двајца автори од Македонија кои се декларираат како Бугари (Владо Тренески и Деан Танчовски) и еден автор од Албанија. Веќе се собираат донации книгата да биде преведена на англиски,германски, португалски и шпански за да можат Европејците, а особено Португалците како претседавачи со ЕУ, да ја разберат позицијата на Бугарија во однос на, како што се дефинира, „современото јазично бугарско царство“.

Професорката Ана Конова, рецензент на книгата порача дека целта на нејзиното објавување е „да даде примери за кражбата на бугарското наследство и кршење на човековите права во Северна Македонија“. Според неа, позицијата на Бугарија за европската интеграција на Скопје не е доволно јасно артикулирана за да им биде јасна на европските партнери. Книгата го следи развојот на бугарскиот јазик и улогата на „бугарските преродбеници од Македонија“, изјави Конова за Бугарското национално радио.

„Авторите  од Македонија изразија желба, со цел објективно да ја запознаат локалната јавност со фактите, книгата да биде објавена во „скопска пишана норма“ и на албански јазик. За оваа цел, покрај спонзорите од Бугарија, ќе се бараат и спонзори од Република северна Македонија и од македонско-бугарската емиграција во Западна Европа, САД и Канада“, стои во најавата за книгата.

„Ние веруваме дека токму сега е соодветно да се запознае португалското претседателство со ЕУ со природата на постојните проблеми во РС Македонија. Штом ќе бидат подготвени публикациите на бугарски и на странски јазици, ќе ги замолиме организациите на Бугарите во странство и нивните активисти да контактираат со тимот на автори за да им обезбедат копии за дистрибуција меѓу локалните медиуми, политичари, пријатели на Бугарија, библиотеки, тинк-тенкови и итн. На таквата активност гледаме како на долгорочно партнерство и создавање на бугарско лоби во странство. Со оглед на можностите, некои од авторите би биле вклучени во презентацијата на Белата книга во странство. Сите бугарски печатени, радиодифузни и други електронски медиуми исто така ќе бидат снабдени со потребните копии“, сти во најавата за книгата.

Авторскиот тим, според најавата, ќе ја дистрибуира Белата книга преку лични посети и состаноци со претставници на странски дипломатски мисии во Софија и Скопје.  Бидејќи средствата за објавување на Белата книга се собираат преку донации, хартиените и електронските изданија ќе бидат дистрибуирани бесплатно.

„Фактот дека вистината е на наша страна не е доволен. Потребна е вистинска акција за да се поддржи вистината.Покрај тоа, апелираме до сите свесни Бугари да не влегуваат во груби спорови со граѓаните на РС Македонија, бидејќи тие се наши браќа. Во моментов, сајбер просторот е полн со тролови чија цел е ширење на вештачка поделба меѓу населението од двете страни на бугарско-македонската граница преку ширење лажни вести и говор на омраза. Во моментов имаме поделба. Сепак, тоа не ни одговара и мора да ги смениме условите поставени од други“, порачуваат авторите на книгата.

Според објавената содржина во неа еден по еден се споменуваат сите македонски просветители како пример за лажирање на историските факти и на нивното творештво, како Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Браќа Миладиновци, Јоаким Крчовски и други.

Инаку Бугарската академија на науките минатата година издаде речиси идентична книга за јазичниот спор меѓу Македонија и Бугарија  која стои на нејзината интернет страница.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.