Воен персонал од Воената морнарица и Командата за логистичка поддршка и денеска учествува во активностите за отстранување на последиците од поплавите во регионот на Бургас, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана.
Воен персонал од Флотилата на борбени и помошни бродови и Морнаричката база – Бургас, како и од Транспортниот баталјон при Командата за логистика во Бургас, обезбедуваат помош со специјализирана опрема за чистење на јавната инфраструктура и обезбедување пристап до јавните згради во најпогодените делови од населбата за одмор Елените.
Персонал од Воената морнарица учествува и во кризниот штаб што работи на подрачјето на градот Свети Влас, додаде министерството.