По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на џихадистот бил Пловдив. Според непотврдени информации, осомничениот е малолетно лице и тој бил уапсен пред да го изврши делото, пренесува БГНЕС.
Во текот на денот се очекува прес-конференција на Обвинителството на која ќе бидат соопштени повеќе детали. Бугарските власти одбија да го откријат идентитето на осомничениот, а се знае само дека станува збор за бугарски државјанин од семејство за кое досега немало сомнение за врски со радикални групи.