За периодот од 2004 до 2005 година, актуелниот министер за инвестициско проектирање во бугарската влада, Иван Данов добил надоместок за невработеност во износ од 15 илјади евра од француската асоцијација Аседик, односно секој месец земал по 1,850 евра, без да се пресмета платата добиена во Бугарија.
Данов немал право на овие пари, но во Франција, како и во Бугарија се чини дека никој не е заинтересиран, коментира францускиот весник „Експрес“.
Запишување во бирото за вработување по отпуштањето од економски причини, добивање на помош за невработеност и потрага по нова работа – малку министри во цела Европа можат да се пофалат со такво искуство, пишува весникот.
Бугарскиот министер Иван Данов долго време ја премолчувал оваа епизода од својот живот, кој се случил меѓу 2004-та и 2005-та година, кога живеел во Франција. Но, има и причини за оваа извонредна дискреција, пренесува „Фокус“.