Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарските коментари на македонскиот Акциски план на разгледување во Скопје

0
By Нова ТВ on January 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во наредниов период властите во Скопје ќе ги разгледуваат коментарите што пристигнаа од Софија на македонскиот предлог Акциски план, по што ќе биде изградена јасна позиција на земјава во обид за враќање на довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на нашиот европски пат.

Специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски вчера во изјава за МИА нагласи дека секоја негова службена комуникација на релација Скопје – Софија е во функција на предложениот Акциски план од наша страна, кој содржи конкретни чекори во делот за поврзување преку Коридорот 8, соработката во образованието, енергетиката, културата, економијата, информатичкото општество.

– Сето тоа треба да создаде доверба меѓу владите и државите, помеѓу народите меѓу двете држави. Без разлика на интензитетот на мои патувања и средби, очигледен е интересот на двете страни да не се дозволи замрзнување на односите или комуницирање само преку медиуми или преку посредници. Нашата блискост како два народи и две држави со заеднички моменти од минатото и заеднички погледи кон историјата не упатува и двете страни да преземаме чекори до наоѓање решение, а ваквите работни средби се токму чекор напред кон решение, нагласи Бучковски.

Бугарското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека Бугарија предложила „акциски план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“ и оти документот се однесува на сите ресорни министерства, а се очекува да биде потпишан на следниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

Меѓутоа шефот на дипломатијата Бујар Османи појасни дека тоа што е добиено од Софија всушност е бугарско гледање на нашиот Акциски план, односно „размена на идеи по однос на тој план“.

Предлог Акцискиот план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година земјава го достави до Бугарија кон крајот на минатата година.

Бугарскиот одговор, како што пренесе „Еуроактив“ повикувајќи се на дипломатски извори, има предлози поврзани со железниците и инвестиции на бугарски компании во Северна Македонија, како и за отворање филијали на бугарски универзитети во Северна Македонија, а опфатени се и учебниците по историја.

Но, и покрај оптимизмот и во Скопје и во Софија, заменик директорката на Европскиот совет за надворешни односи (EЦФР), Весела Чернева во изјава за бугарскиот весник „Дневник“ вели дека придвижување во спорот меѓу двете земји може да има само ако дојде до промена на владејачката коалиција во Бугарија.

– Конкретно за Северна Македонија не гледам дека оваа Влада има желба и намера да прави што и да било до март, така што за напредок можам да зборувам најрано кон средината на годината, наведува Чернева, оценувајќи дека наместо Скопје да ја „турка“ оваа тема во предизборието во Бугарија, двете земји треба да се посветат на конкретни проекти.

Според Чернева, вметнувањето на прашањата од историјата во процесот на проширувањето претставува опасност,  бидејќи ако историскиот реванш се промовора преку ЕУ, таа би се распаднала.

– Се надевам дека Бугарија ќе ги запре овие обиди, бидејќи ова дополнително ќе ја изолира и ќе си направи да и е потешко. Видовме дека не само Чешка, Словачка и Германија, туку и сите 26, јасно ставија до знаење дека не го прифаќаат бугарскиот аргумент. Дури и соседите како Грција и Романија, на кои Бугарија теоретски би требало да може да се потпре, не покажаа соседска солидарност, оценува Чернева.

Таа, сепак, не е оптимист околу напредок во проширувањето за време на португалското и словенечкото претседателство со ЕУ во текот на оваа година.

– Мислам дека ќе биде многу тешко да се постигне напредок. Концептот за проширувањето ќе биде разгледан политички, затоа што ако само кажеме дека проширувањето постои, а во практика е невозможно да се исполни, тоа ги демотивира земјите кандидати. Пристапот „ние ги лажеме дека ги сакаме, тие не лажат дека ни веруваат“ – повеќе не функционира, вели Чернева, оценувајќи дека Бугарија само ја завршила „валканата“ работа околу застојот во проширувањето и затоа и молчат другите земји на кои им одговара ваквиот развој на настаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.