Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буш: Администрацијата на Бајден да ја забрза евакуацијата на Авганистанците

0
By Biljana on August 17, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буш рече дека повлекувањето на американските војници ќе има огромни последици за Авганистан, особено за жените и девојчињата.

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, кој ја започна „војната против тероризмот“ во Авганистан по нападите врз САД на 11 септември 2001 година, денеска ја повика американската Влада да го забрза процесот на давање помош на авганистанските бегалци откако талибанците ја презедоа власта.

„Владата на САД има законска надлежност да ја намали бирократијата за бегалците за време на итни хуманитарни кризи. И ние имаме одговорност и ресурси да им обезбедиме безбеден премин сега, без бирократско одложување“, се наведува во заедничкото соопштение на Буш и поранешната прва дама Лора.

Тие изразија „уверување дека напорите за евакуација ќе бидат ефикасни“ со помош на американските сили.

„Нашите најголеми сојузници, заедно со невладините организации, се подготвени да помогнат“, се додава во соопштението.

Џорџ и Лора Буш истакнаа дека чувствуваат „длабока тага“ поради случувањата во Авганистан, но дека остануваат оптимисти за отпорноста на авганистанскиот народ, особено на помладите, кои пораснаа без талибанците во последните две децении.

Буш, кој го критикуваше повлекувањето на американските и НАТО војниците од Авганистан во јули, посочи дека претседателот Џо Бајден ветил евакуација на Авганистанците кои биле „во првите редови на напредокот на нивната земја“.

Тој минатиот месец рече дека повлекувањето на американските војници ќе има огромни последици за Авганистан, особено за жените и девојчињата.

Авганистан повлекување авганистан Џорџ Буш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.