Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бушати: Не постои тиранска платформа

0
By Нова ТВ on April 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Не постои Тиранска платформа, постои документ напишан од страна на три од четирите албански политички партии кои се присутни во актуелниот Парламент во Македонија што го поддржавме, вели министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати во интервју за порталот Јурактив.

Според него тие го поддржале документот бидејќи во него виделе „ јасни напори од страна на Албанците прво да се задржи Македонија обединета, второ да бараат подобра меѓуетничка хармонија во духот на Охридскиот договор, трето да се спроведе Договорот Пржино, четврто да се деблокира патот на Македонија кон НАТО и кон ЕУ со нормализирање на односите со Грција и со Бугарија и се разбира со Албанија и со Косово како соседи на Македонија“.

Тој ги отфрла критиките дека Албанија со ваквата поддршка се меша во внатрешните работи на Македонија истакнувајќи дека „Албанија е една од првите земји кои ја признаа Македонија, една од ретките земји од соседството која никогаш не го доведе во прашање територијалниот интегритет на Македонија, ниту изразила сомневање во идентитетот и јазикот на Македонија“.

-Една третина од населението што живее во Македонија, се Албанци кои секогаш се про-европски и про-НАТО. Веројатно ќе биде многу тешко да се најде поповолна сосед од Албанија во Македонија, вели Бушати.

Во врска со забелешките дека воведувањето на албанскиот како втор официјален јазик во земјата води кон фередализација, Бушати посочува на Охридскиот рамковен договор од пред 16 години.

– Не знам како овој аргумент, со албанскиот јазик како официјален јазик, е еднаква на федерализација на земјата. Но, ако говориме за Охридскиот договор и за изворот на конфликт меѓу Македонците и Албанците во Македонија, јасно е дека спроведувањето на обврските од овој договор е на ниско ниво.

Тој укажува и на тоа дека во земјата постои потценувачки однос кон Албанците, од страна на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на други политичари.

– Има тенденција од Груевски и од другите да ги сметаат Албанците како сезонски работници во сопствената земја. И нема сериозни напори за да се обезбеди меѓуетничка хармонија во земјата. Во текот на последните пет до шест години, општеството е повеќе поделено по етнички линии. И јас верувам дека со вклучување на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи кои живеат во Македонија, или за главните етнички групи – Македонците и Албанците.

На новинарска забелешка дека ваквиот став звучи заштитнички кон Албанците, Бушати вели дека прави јасна разлика меѓу кризата на демократијата и тенденциите да се трансформира во меѓуетничка криза.

-Ако ги повикате луѓето на улица да викаат против Албанците, против САД, против ЕУ и НАТО, ако ги повикате луѓето на улица да викаат против идентитетот на Албанците кои живеат во Македонија, ќе дојдете до истите заклучоци. Каде е тука патернализмот?, вели Бушати во интервју за Јуроактив.

 

Бушати Груевски Платформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.