Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на состанок на Градскиот Совет го употребил терминот „македонски јазик“. На тоа, според грчките медиуми, пренесува МИА, реагирале десничарските партии.
Според „ИнЊуз“ еден од советниците го потсетил Бутрис дека „јазикот се вика фиромски“, на што Бутарис инсистирал дека тој е Влав и оти „во минатото Власите зборувале македонски“.
Некои грчки медиуми сметаат дека поради тоа тешко дека Бутарис повторно ќе биде избран за градоначалник.