Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цаноски: Ме фрапира нивното смеење, додека јас ги молев да не го рушат „Космос“

0
By Нова ТВ on March 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 23, 2015 18:29

По објавувањето на денешната 13 по ред „бомба“ на опозицијата за која Заев тврди дека премиерот Груевски лично признава дека лажел оти има наводна грешка во градењето на објектот „Космос“, инвеститорот на објектот, бизнисменот Фијат Цаноски за НОВА вели дека уште еднаш се потврдува дека рушењето на неговиот објект е само политичка игра.

-Јас тврдев и сè уште тврдам дека немаше никаква грешка во објектот. Тое е политичко рушење. Ме фрапира со какво смеење разговараат за мојата ситуација додека јас ги молев да не го рушат, имав и доста вработени и затоа ги молев, вели Цаноски за НОВА.

Во разговорот кој го објави опозицијата денеска се слуша како премиерот Груевски му вели на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дека Цаноски е уплашен од рушењето на објектот.

Според снимките од телефонските разговори кои ги обелодени опозицијата, Груевски телефонски му раскажува на Јанакиески и дека Цаноски ветил дека ако треба ќе организира средба на премиерот со сопственикот на поранешната А1 телевизија Велија Рамковски, само објектот да не се руши.

Цаноски вели дека за Рамковски, кој инаку е и негов сват, му рекол на премиерот дека ако тој е виновен за нешто треба да одговара, но, не треба да се вознемирува целата фамилија.

-Во тој период Велија веќе беше во затвор, немаше што да средам јас. Јас само им реков дека ако направил Велија грешка нека го апсат него, а не да страда целата негова фамилија, посочи Цаноски за НОВА.

Опозицијата веќе еднаш објави снимки во кои се слушна телефонски разговор помеѓу премиерот Никола Груевски и Јанакиески и во кое се нарачуваше рушење на објектот „Космос“. Од објавениот разговор се слушна како Груевски нарачува на местото да се изгради убав парк, а објектот вели дека најдобро е да се сруши во понеделеник – 1ви август, во „фул-сезона“ на годишни одмори.

Цаноски вели дека снимките од претходната бомба каде што тој се споменува веќе се испратени во Стразбур, а планира и денешните да ги достави, по што очекува брза разрешница за тужбата. Цаноски очекува државата да го обештети за рушење на објектот без никаква потреба.

>>>>> (БОМБА 13) папка 2 Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: Што правиш?
МЈ: Комисија водам уште.

НГ: Кај си ти, у кој дел на зградата?
МЈ: Долу, Влада, баш Влада кај што има.
НГ: Ааа долу, а? Беше овој сега.
МЈ: Добро.
НГ: Бааѓи исплашен. Бааѓи. Значи не сум го видел ваков досега, никад.
МЈ: Аха, овој…добро.
НГ: Фијат.
МЈ: Да, ми текна, да.

НГ: Го оставив, се испука. Се… разни документи ми извади дека се у право, да не знаеш вика зошто вака. Еве пред месец дена ти си потпишал нешто, па некоја поправка требало, па сега за поправката чекаме месец дена. Не знам викам не сум во тек, целосно, ќе провериме сигруно – викам – има нешто. Ама нема, ја прашав таму вработените, ова-она. И од прилика од околу-од околу му кажав културно што се забелешките за него. Дека го нема жив таму да се појави, и викам знаеш, другото сега да не ти зборам, што овака се збори. Ама, викам тоа не значи дека човеков ради тоа не ти дал, него сигурно има некоја техничка…проблем некој, викам…

И почна да се правда за тие две работи. И на крај му реков, ај викам ќе поразговарам со Миле, да видам што се проблемите, па ќе ти јавам вечер. Мооолим те вечер да ми јавиш, утре ми е Рамазан, мирно да спијам вечер. Не можам више да спијам, хахахаха.
Ми се виде стварно многу исплашен, дури жал ме фати у еден момент, да ти кажам.
МЈ: Заглавен е.

НГ: А? Аууу, вака го неам видено никогаш до сега, а и ретко кој вака исплашен ми дошол. Молим те што сакаш да правам, тоа. Ако сакаш Велија да го довлечам еве, дај да ви организирам средба, ја стварно немам со него, ни бизнис, ни сакам да имам бизнис. Децава ни се сега заедно, утре може нема да бидат, нон-стоп се караат. Хахахаха. Молим те, хахахахаха.

МЈ: Барем да ни го смета како услуга.
НГ: А?
МЈ: Да ни го смета како услуга.

НГ: Ќе ни го смета како услуга, да, да, да. Е сега ти треба да смислиш причина зошто си го држел. Нешто…појма немам, не мора во детали да му кажувам, до вечер, ја му реков –вечер ќе ти се јавам.

МЈ: Не, одма ќе Ви кажам. Значи, демек, згрешиле службите, правеле анекс, јас сум го пуштил во Катастар, да го проверат до крај. И Катастар демек до утре ќе ми одговори.
НГ: Мхм.
МЈ: Дека така сум Ви рекол.

НГ: Згрешиле службите и си го пратил во Катастар?
МЈ: Види, да. Хаха. Значи, официјално нема ништо. А неофицијално…
НГ: Не, не, ама добро. Си го пратил ти во Катастар, така?
МЈ: Неофицијално во Катастар да го проверат, зошто ми биле чудни онакво, и сум чекал од Катастар…

НГ: Од Катастар си чекал, одговор. Добро.
МЈ: Неофицијално.
НГ: Неофицијално, да де да. Неофицијално си го пратил, аха.
МЈ: Да.
НГ: Добро да, тоа е добар изговор, океј.
МЈ: Зошто ги згрешиле квадратурите, сум сакал да ги проверам квадратурите, и така натаму, и така натаму, и така.

НГ: Он сакаше сега средба да прави со Велија. Ја му реков ќе размислам за тоа. Мислам дека сега Велија реда-ради сака да направи средба. И нејќам да ми рачуна дека заради Велија се завршила работата. Нека си го рачуна од нас, еве завршено.
МЈ: Услуга. Добро, добро излезе овака.

НГ: Добро излезе. Значи, не да е посран, му тече и низ панталони.
МЈ: Добро е што знае дека, дека не смее да се зафркава.
НГ: Не смее и не може како сирење да не решета, знаеш. Ај овие кој ги ебе, ама ја ќе си најдам поединци, и на ваков или онаков начин ќе си ја завршам работата. Да види дека сме компактна целина.
МЈ: Така да.

НГ: И дека кога ќе ја нападне целината, поединците знаат да се повлечат два чекора назад и да му речат стоп. А ништо не му бараме.
МЈ: Да де да.
НГ: Ништо не му бараме. Само за ова, за Парламент ми се правдаше, молим те да не доаѓам, молим те не можам да издржам тоа. Хахаха.
МЈ: Хахаха.

НГ: Молим те у бизнис сум, не знам главата кај ми е. Еве следните избори нема, еве ако сакаш следните избори да ти потпишам кај сакаш нема да се кандидирам, на друг ќе ја дадам партијата, на кој сакаш…хахахахахахаха…Дај ако треба да потпишам негде, ама мртов озбилен. Хахахахаха

8. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Сега како да одиме сега понатаму? Да…

НГ: Ја вечер ќе му се јавам, малку нека размишља до вечер. И тоа ќе му се јавам покасно. Хахахаха. Накај единаесет и пол ќе му се јавам. Хахахаха. И ќе речам – зборев со Миле – комплицирана е ситуацијата, сеуште нема одговор од таму, пратил во Катастар, неформално, ама не му даваат нешто одговор. Вртев и таму – ќе речам – таму нешто сакаат нешто по архиви да најдат, нешто ова-она, ама ќе убрзаме, Миле ќе ризикува ќе го потпише у понеделник, ууу среда, до крајот на денот у среда.
МЈ: Добро.

НГ: А у среда ти при крај на денот ќе му го потпишеш, пошто од сабајле е гласањево. Да не случајно го фати стомак.
МЈ: Добро. Готово, готово.

НГ: Ако те бара денес, не му се јавувај, за да бидеш константен.
МЈ: Готово, готово.
НГ: А после откако ќе потпишеш, јави му се и речи – не, тоа без везе си се љутел ти, си чекав јас – речи – потврда, ама еве запна Премиерот – речи – и, да ти учиниме, ризикував малце.

МЈ: Добро.
НГ: Е така, ќе го направам дека и ти си се стаил у ризик.
МЈ: Така. Океј, готово.
НГ: Без одговорот од оваму идеш, ризикуваш.
МЈ: Добро. Ок.
НГ: Ајде.

9. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ало Миле, што правиш?
МЈ: Добро, кај Владо сум, на состанок.
НГ: Ааа, така. Сега беше Фијат.
МЈ: Добро.

НГ: Му кажав дека детално сме го разгледале неговиот предмет. И дека ќе бараме начини да му помогнеме. Те спомав и тебе дека сме разговарале, дека и ти бараш начини да му се помогне. Му кажав дека има грешки и не е случајно така постапено. Ииии добро – вика – признавам има, ама не се намерни, не знаев, не знам што, ова-она. Така да малце порадосен го пуштив. И сега он вика – ако сакате да ми помогнете, треба Миле да ми одговори на жалбата, да ја врати кај овој и да се реши. Така ли е?
МЈ: Не, има поедноставен начин има.

НГ: Знаеш зошто вака постапив? Не знам дали сум ти кажал. Ќе го тужи Коце и овој, Тони. На тоа ќе се сведе. Ќе им земе оштета и ќе ги брка лично.
МЈ: А да тераме или да му најдеме негова маана?
НГ: Како?

МЈ: Негова маана да му најдеме?
НГ: Негова ако имаме да му најдеме, добро е да ја имаме, па да видиме понатаму како ќе оди.
МЈ: Добро.
НГ: Значи, ти размисли како да го решиш, ама на начин…
МЈ: Знам како, знам, знам.

НГ:…да може и пак, ако треба. Ама не да… да не биде вака по вина на Тони и на Коце. Оти ова испаѓа по вина на Тони и Коце, он ќе си ги земе парите назад на суд, со камата. Тони и Коце ќе го јадат, и со кривични и со…можда и со пари, не знам. Они се вознемирени до даска, нон стоп ми пуштаат пораки и двајцата. Претпоставувам и тебе. И не е решение.

МЈ: Океј. Ќе го средам само на тој начин што ќе му речам да си ја повлече тој жалбата, а Тони ќе го затвори таму. Мислам имавме со Тони, 2-3 состанока, така го знам во детали овој предмет.
НГ: И размисли пак ако затреба, како.

МЈ: Да де да. И тоа паралелно ќе си го обезбедам. Океј.
НГ: Да.
МЈ: Океј, важи.
НГ: Океј, ајде.

Во продолжение може да ја погледнете снимката од целосната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска, на која беше објавена „БОМБА 13“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.