Browsing: ВЕСТИ

Во текот на вчерашниот ден во фокусот на расправата беше предлогот нов министер за финансии да биде 31-годишната Нина Ангеловска, основачка на Групер.мк. Пратениците го критикуваа предлогот на премиерот Ангеловска да биде министер за финансии затоа што, како што посочија, тоа е најсериозна функција во Владата по премиерската.

Од владејачката СДСМ велат дека не се за предвремените избори, а доколку би се одржале, тогаш најдобра опција е октомври 2020 година, но никако пред одлуката за почеток на преговори со ЕУ и самитот на НАТО во Лондон.

Сакам Прибе да ми ги бира судиите кои ќе ме судат! Да им обеси тешки морални пранги околу вратот, да им ја оцени подобноста и да им ја извади „историјата на болеста“