Browsing: ВЕСТИ

Сеќавањето на солидарноста беше тема на една јавна дебата, кога Советот на градот Скопје иницираше промена на името на улицата „Мексичка“ во населбата Тафталиџе, која го доби името во знак на благодарност кон Мексико поради ангажирањето во изградба на нови живеалишта во таа населба.Интелектуалната јавност инсистираше улицата да го сочува името токму во знак на благодарност и сеќавањето на солидарноста на Мексико со Скопје. Критиките на интелектуалците, сепак, не успеаа да ја променат одлуката на Советот на град Скопје улица „Мексичка“ да биде преименувана во улица „Петре Пирузе“.

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, изутринава со средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров во МНР, ја почна серијата разговори со претставници на власта и на опозицијата.

Според најавата од Стејт департментот и соопштението од нашето МНР, централни теми ќе бидат билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

-Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието

– Никакво решение не ми стигнало на домашна адреса. Ниту од дисциплинската комисија, ниту ова за моето деградирање. Од вас слушам за ова. Секако дека ќе ја обжалам оваа одлука, како и начинот на кој беше водена целата постапка од страна на дисциплинската комисија–вели Илиевски.

Додека работел како педагог во дебарскиот крај, ургирал кај оџите да разговараат со родителите на девојчињата за да им дозволуваат да го продолжат нивното школување, наместо да стапуваат во договорени бракови.

Политичарите лажат, пред избори кажуваат едно, после избори кажуваат друго. На кој да му веруваме? Веќе не знаеме во што да веруваме? Вакви милион прашања секој ден, на сите страни.