Browsing: ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ смета дека волјата на над 600.000 граѓани е побитна од работата на ДИК и Управниот суд, Ахмети ги свика лидерите на сите албански партии на состанок утре, заложничка драма на Малта, убиен терористот од Берлин. Една минута вести на НОВА на македонски и на албански јазик

Гласачкото ливче в недела на прегласувањето во Теарце останува исто, иако ВМРО ДПМНЕ најави бојкот, Синдикатот на македонската дипломатска служба бара ЈО да реагира за случајот „некролози“, убиен осомничениот за нападот во Берлин

За работата на канцеларијата на Народниот правобранител и за неговите активности во одредени медиуми во предизборието и после тоа, во провладините медиуми делумно се известувало, Тунижанецот од Берлин бил на американската „црна листа“, ЕУ упати само укор за бившата комесарка која работела во оф шор компанија додека била на функцијата

Во предизборието и после тоа, провладите медиуму делумно известувале за работата на канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем број од прилозите за обдусманот биле објавени на Телма и 24 Вести

Одложена новогодишната прослава во Скопје, германските власти нудат 100.000 евра награда за информација за Тунижанецот, во Алепо останаа уште 3.000 бунтовници и цивили за евакуација

Потхранувајќи го говорот на омраза политичките претставници предизвикуваат дестабилизација на земјата, со што се создава нов вид на омраза заради политичка припадност, сметаат експертите во анализата на НОВА

Реакција на Стејт Департментот за зголемената политичка напнатост во Македонија, одложено судењето на Павле Богоевски, експлозии во Мексико. Пладневни вести во една минута на НОВА

Адвокатскиот тим на лидерот на опозицијата Зоран Заев денеска на рочиштето за „Поткуп“ побара јавниот обвинител во овој случај Владимир Милошевски да се изземе од случајот, додека СЈО не се изјасни за делата за кои тој се товари