Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и индексот на демократија: 10 места погоре, но се уште во „хибридни држави“

0
By Нова ТВ on January 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 10, 2019 08:43

Македонија според Индексот на демократија за 2018 година на британскиот неделник „Економист“ напредна за десет места во споредба со минатата година и се наоѓа на 78 место со 5,87 поени, на скала од нула до 10. Земјата се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, кој ги опфаќа државите со поени од 5,98 до 4,06.

Со извештајот за индексот на демократија опфатени се 167 држави, а оценувани се по 60 показатели во пет категори – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, полтичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи.

Според Индексот на демократија, земјите кои имаат од нула до четири поени заведени се под категоријата „авторитарни режими“, од четири до шест се „хибридни режими“ од шест до осум се „недоволни демократии“, додека тие кои имаат од осум до 10 бодови спаѓаат во категоријата „целосни демократии“.

Во категоријата „хибридни режими“ од балканските земји се Црна Гора со 5,74 поени на 81 место, Босна и Херцеговина со 4,98 бодови е на 101 место, додека Турција е на 110 место со 4,37 поени.

Во категоријата „недоволни демократии“ се Хрватска со 6,57 поени е на 60 место, а Србија со 5,41, додека Словенија е на 36 место со 7,5 поени.

Грција на 39 место со 7,29 поении, Бугарија 46 место – 7,03, додека Романија – 66 место со 6,38 бодови.
На самиот врв на Индексот на демократија, како и досега се нордиските земји – Норвешка е на прво место со 9,87 бодови, Исланд на второ – 9,58, Шведска на трето место со 9,39. На четврто место е Нов Зеланд – 9,2, додека Данска е на петто место со 9,22 поени.

На последното место на листата е Северна Кореја со 1,08 бодови, а на претпоследно е Сирија со 1,43 поени. Во категоријата „авторитарни режими“ на 165 место е Демократска Република Конго – 1,49 поени, потоа на 164 место е Централноафриканската Република со 1,52бодови.

Според најновиот Индекс на демократија, британскиот неделник „Економист“ заклучува дека демократијата во 2018 година не опаѓа.

– Само 4,5 отсто од луѓето во светот живеат во „целосна демократија“, но вкупниот глобален резултат во 2018 година остана стабилен, првпат во последните три години, наведува „Економист“.

Само 42 држави забележаа пад во споредба со 89 земји во 2017 година, што е охрабрувачки знак, бидејќи 48 држави го подобрија својот индекс на демократија.

„Економист“ наведува дека во изминатите години заканите по демократијата ширум светот станале се поочигледни – од замирањето на Арапската пролет, доживотното владеење на кинескиот лидер, изборни победи на популистите со авторитарни тенденции во Филипини, во Бразил и во Мексико, до поткопување на демократските институции во Унгарија, Турција и Полска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.