Browsing: ВЕСТИ
Груевски, со слични спортски амбиции и политички соништа како “Последниот Крал на Шкотска” (како што се самопрогласил), боксерскиот маг Иди Амин, се што стори за нас е- два гола забиени во мрежата на фудбалската екипа на европските лидери, како достоен претставник на балканската екипа на лидери, чии предци низ вековите со малку пот и многу крв ги водеа сопствените народи, затоа што само така знаеја и умееја
Проф. Гордан Калајџиев во интервју за НОВА: За проблемите со кои ќе се соочи специјалниот јавен обвинител, зошто сепак ќе бидат ограничени неговите истраги, дека е потребен храбар професионалец, кој сепак не треба да се плаши дека може да му биде загрозен животот
Проф. Денко Малески во Скајп интервју за НОВА: Негова анализа за идејата на Груевски за 17 пратеници бонус за победникот на изборите, дали Груевски може да биде дел од тие избори, кои се пречките специјалниот јавниот обвинител да ги реализира истрагите за бомбите, но и негов коментар за ужасната бегалска криза која ја погоди и Македонија
Никола Поповски, министерот за надворешни, за Би-Би-Си изјавил дека “не видел слики од тепани луѓе.” Слична изјава за Си-Ен-Ен има и Иво Котевски, портпаролот на МВР, кој им изјавил дека “не знаел дека полицијата пуштила солзавец за да ги растера мигрантите”
Со прогласувањето на кризна состојба на северната и јужната границ,а ситуацијата стана крајно драматична и тензична. Зошто владината одлука доаѓа токму сега, дали се работи за заштита на безбедноста на државата, за притисок кон ЕУ за нова финансиска помош или да се одвлече вниманието од сопствената политичка криза? Какви може да бидат последиците? На оваа тема дебатираат Мерсиха Смаиловиќ од невладината „Легис“ и Трпе Стојановски професор на Факултетот за безбедност
Речиси милион луѓе протестираа вчера барајќи од претседателката на Бразил Дилма Русеф да даде оставка поради сомнежи за нејзината вовлеченост во корупција.
Анима Мунди, здружението за заштита на животни, е “огорчена и лута” поради “случаите на суровост кон животните, настани кои покажуваат девијантност, социопатологија и насилство”.
Грците на рефередум гласаа во огромно мнозинство против мерките за штедење кои ги налага ЕУ. Ова грчко ОХИ беше и глас против самата Европа и еврото, Ден по рефередумот соочени со сурова социо екононмска реалност Грците го сменија мислењето. Што им е на Грците и што навистина сакаат?
Секојденвно во Грција влегуваат во просек по 1000 мигранти од Сирија. Нивна цел е преку Балканот да стигнат во северна Европа
Во Азербејџан е убиен новинарот Расим Алиев поради неговите критики напишани на Фејсбук на сметка на еден азербејџански фудбалер
Искуството со грандиозно-болниот проект на Скопје 2014 покажа само едно: и да му стават на секој граѓанин (за по некој исклучок подолу во текстот: види Буковски) по едно панорамско тркало на грбот, ќе го носи, нишајќи се и тетуравејќи се, гордо својот крст. Таа вистина за овој народ ја имаше на ум Груевски сите овие години
20 години од операцијата „Бура“ која почна со напад на хрватската армија во Книн врз војската на Српска Краина. Во Хрватска Денот на победата се одбележува со воена парада во Загреб. Во Србија пак со парастос за убиените и за прогонот на околу 200 илјади Срби од Хрватска
